Што мислите за детските натпревари за убавина?

Иако во некои земји се забранети, во други се многу популарни. Мислењата околу детските натпревари во убавина се поделени. Многумина сметаат дека се брутални. Каков е вашиот став? Би го испратиле ли своето дете на ваков натпревар?

0
218
<> Eden Wood Promotes Her New Series "Eden's World" At Planet Hollywood at Planet Hollywood on April 13, 2012 in New York City.

Секоја година во САД на овие натпревари учествуваат околу 250.000 девојчиња. За да учествуваат нивните родители мораат да платат околу 300 евра, а со тоа одат и мноштво трошоци, кои обично ја надминуваат и вредноста напрвата награда која се движи околу 7.500 евра.

Девојчето Идн Вуд која стана ѕвезда во 2009. година кога TLC првпат ја прикажал реалити емисијата „Toddlers in Tiaras. Интересно ешто таа отишла во пензија со 6 години.

Мајката на малата Идн, Мики, признала дека таа и сопругор потрошиле околу 80.000 евра а нејзините атпревари, фустани, инструктори, ретуширани фотографии, шминка,спрејови за самопотемнување и други трошоци.

Постојат такви кои ѝ припаѓаат на природната струја (не поддржуваат претерана шминка и гламур) и оние кои се во кич струјата, од кои некои поддржуваат и пластини операции за да го „подобрат“ изгледот на своите девојчиња.

Отворени се дури и фирми, кои се занимаваат со приготвување на девојчињатаза овие натпревари. Секако, цената не е мала. Инструкторите земаат 40до 80 евра по саат, фотографите за професинално сликање околу 230 евра, и дополнителни 110 за ретуширање. За спрејови за самопотемнување по натпревар се даваат 20 евра.

Фустаните можат да бидат најскап дел од целата приказна. Девојчињата се натпреваруваат во фустанчиња со свила, тантели и украси, за кои нивните родители плаќаат и околу 2200 евра.

Маникир, шминка, фризура,… Приготвувањето пред излегувањето пред жири може да трае и повеќе од еден час.

Многу луѓе се згрозени од овие натпревари и сметаат дека е тоа вид на злоупотреба на децата и дека родителите на тој начин сакаат да остварат некои свои фантазии. Што мислите вие за ова? Дали би требало да се забранат овие натпревари, па дури и оние поумерените, кадешто се гледа и талентот?

Фото: Фејсбук

loading...