Што мислите за родовото неутрално воспитување?

Како што родителите со својот однос и пораки влијаат на детето да го прилагоди својот идентитет на својот биолошки пол, така и родовото неутрално воспитување влијае врз децата да станат родово збунети и неопределени, смета српскиот психијатар Зоран Миливојевиќ.

0
166

Промовирањето на „родово неутралното воспитување“ е повод да укажеме на опасностите и можните негативни последици кое тоа ги носи. Поедноставено, овој пристап кон воспитувањето е заснован на една точна и две погрешни претпоставки. Првата, точна, е дека секое дете има способност да развие особини на спротивниот пол, односно, на машки или на женски род. Втората е дека тоа самото кога ќе дојде време за тоа, ќе „почувствува“ и ќе се определи да биде машко или женско. Третата е дека родителите немаат право да се мешаат во тој процес и „насилно“ да го вклопуваат детето во неговата друштвена улога и идентитет кои се во согласност со неговиот биолошки пол и хромозомите.

Во согласност со тоа некои родители, горди на својата напредност, модерност и ненасилност, го прашуваат своето мало дете како да го облечат за во градинка, дали сака денеска да биде женско или машко.

Иако биологијата има свое влијание, се преценува идејата дека машкиот или женскиот идентитет се работа на биологијата. Поважни се психосоцијалните фактори. Детето од најрана возраст усвојува машка или женска друштвена улога и со неа се поистоветува. Првото поистоветување е да се биде момче или девојче, односно, син или ќерка.

Колкаво влијание имаат родителите на родовата определба на детето гледаме кај оние родители кои добиле дете кое е, според нив, со „погрешен“ пол. Тие кон детето развиваат суптилен психолошки однос со кој го отфрлаат затоа што не е со „правилен“ пол, а покажуваат љубов и прифаќање кога тоа се однесува како дете од спротивниот пол. Многу деца од ваквиот однос израснуваат во повеќе или помалку „женскасти мажи“ или „машкуданести жени“. Тоа може, но не мора да биде поврзано со нивната истополова ориентација. Некои од нив развиваат родова дисфорија затоа што чувствуваат дека нивната душа е заробена во тело со погрешен пол.

Освен семејството, важно е и влијанието на пошироката заедница. Уште пред 100 години, Алфред Адлер, познат швајцарски психоаналитичар, предупредува на „машки протест“ кај девојчињата, кои сакаат да бидат исти како мажите кога ќе сфатат дека во возрасното друштво мажите се привилегирана категорија.

Како што родителите со својот однос и пораките влијаат на детето да го прилагоди својот идентитет кон својот билошки пол, така и родовото неутрално воспитување влијае на децата да станат родово збунети и неопределени. Можеме да претпоставиме дека тоа ќе придонесе за многу поголема застапеност на трансродови лица кога ќе пораснат генерациите на така воспитувани деца. Сегашните истражувања покажуваат дека возрасниот живот на таквите лица е многу тежок и несреќен заради што помеѓу нив постои екстремно висока стапка на самоубиства.

Главна задача на родителите е да го прифатат и да го сакаат своето дете без оглед на тоа од кој пол е – да не го збунуваат и да не му го оспоруваат правото да гради свој идентитет во согласност со своите хромозоми. Рамноправноста на братот и сестрата е подлога за општество на рамноправни жени и мажи, при што рамноправноста не значи бришење на разликата помеѓу машкото и женското.

Текстот е преземен од ТУКА.

loading...