Што му се случува на машкиот мозок кога мажот ќе стане татко?

Докажано е дека мажите минуваат низ хормонални промени и дека нивното ниво на тестостерон значително се намалува. На тој начин новите татковци можат да бидат повеќе емоционално вклучени и полни со разбирање за своето бебе.

0
236

Изгледа дека многу работи се случуваат во мозокот на новите татковци затоа што неколку истражувања откриле дека се случуваат значајни невролошки промени кога мажите ќе станат татковци.

Покрај тоа, колку повеќе се вклучени во грижата и негата за бебињата и колку повеќе време поминуваат со своето бебе, тие промени се поизразени.

Истражувањата тврдат дека невролошката активност поврзана со жените и нивниот мајчински инстинкт не е ограничена само на жените и може да биде тригер во родителството воопшто, па така и кај мажите. Меѓутоа, се претпоставува дека ваквите резултати не би биле видливи во минатото кога мажите биле помалку вклучени во одгедувањето на детето.

Што се случува во мозокот на еден маж когаќе стане татко?

Докажано е дека мажите минуваат низ хормонални промени и дека нивното ниво на тестостерон значително се намалува. На тој начин новите татковци можатда бидат повеќе емоционално вклучен и полни со разбирање за своето бебе.

Тоа рано зближување помеѓу таткото и бебето ја зацврстува нвната емоционална врска и го менува нивото на хормони во мозокот. Во истражувањето од 2011.година е откриено дека нивото на тестостерон кај новте татковци паѓа дури за 40 отсто што е поврзано токму со зближувањето со бебето.

Нивото на окситоцин се зголемува

Окситоцинот или „хормонот на љубовта“ нагло се зголемува по раѓањето на бебето – и кај мајките и кај татковците.

Додека кај мајките овој хормон е поттикнат со одредени активности, како што е доењето, кај таткото се активира преку играта или преку грижата за бебето. А колку повеќе е врската помеѓу бебето и таткото подлабока, толку е поинтензивно нивото на окситоцин.

Засилено е производството на пролактин како и кај мајките.

Кај мајките е ова обично поврзано со производството на млеко, а кај таткото овој хормон се зголемува во интеракција со бебето. Само во првиот месец од татковствоо нивото на пролактин се зголемува за 20 отсто, а колку се повеќе вклучени во животот на своите бебиња, толку е поголемо количеството на пролактин. Научниците веруваат дека засиленото прозводство на пролактин се поврзува со создавањето на поврзаност, приврзаност и грижливост.

И мајките и татковците минуваат низ промени.

Овие резултати докажуваат дека цврстото искуство на родителството и грижата за бебето вијае на сличен начин и кај мајките и кај татковците. И додека процесите во текот на бременоста и породувањето им помагаат на мајките за развивање на мајчинскиот инстинкт, кај татковците татковскиот инстинкт се активира со интеракција и со емоцинална поврзаност со бебето. Ако сте збележале дека вашиот партнер станал понежен по раѓањето на бебето, сега знаете и зошто – не само што сте се промениле ве откако сте станале мајка, туку тоа му се случило и нему откако е татко.

Фото: Pexels

 

 

loading...