Што се случува со бебето во стомакот кога спиете на грб?

Изненадувачки е колку брзо вртењето на мајката на грб влијае врз бебето, односно, веднаш штом мајката ја смени положбата на лежење, од колк на грб, бебето веднаш станува помалку активно.

0
417

Дури неодамна е направено истражување на Универзитетот во Окланд кое следело што се случува кога жената спие на грбот во текот на ноќта

Сигурно веќе знаете дека во високите месеци од бременоста треба да спиете на страна. Во овој период невозможно е да спиете на стомакот и не е добро да спиете на грб. Оваа позиција може да создаде притисок од матката на крвните садови, ограничувајќи го протокот на крв во срцето и до вашето бебе. Но, дури сега е направено истражување кое следело што се случува со бебето кога жената спие на грб во текот на ноќта.

Научниците од универзитетот во Окланд користеле инфрацрвени видеокамери за да ги снимаат бремените жени во текот на спиењето, покрај тоа го следеле бројот на отчукувања на срцата на мајките и бебињата. Секоја од 30-те бремени жени кои учествувале во студијата била помеѓу 34 и 38 недела од бременоста, а секоја бременост била без компликации.

Врз основа на она што е веќе познато за ограничениот проток на крв додека спиете на грб, не е изненадувачки што фетусот е помалку активен кога мајката е во оваа позиција. Изненадувачки е колку брзо вртењето на мајката на грб влијае врз бебето, односно, веднаш штом мајката ја смени положбата од колк на грб, бебето веднаш станува помалку активно. Сето ова звучи многу пострашно отколку што е. Нормално е да се менуваат позициите за време на спиењето, и ако се разбудите на грб, не кревајте паника. Треба да вежбате да спиете на страна, а можете и да користите реквизити како на пример, перница.

„Само треба да се поместите малку на страна за да го намалите притисокот; а тоа значии дека е доволно само да ставите перница под колкот и рамото на едната страна. Вака поставената перница ќе ви даде чувство како да лежите на грб, удобно сместени, но ќе бидете доволно навалена, а вашата матка веќе нема да создава притисок“, објасни гинекологот Хедер А. Смит за The Bump.

Фото: Pixabey

loading...