Што сѐ гледаат наставниците за време на онлајн наставата (ВИДЕО)

Она што се случува за време на онлајн наставата кај нас, се случува и во светот. Освен што децата седат на час во пижами, јадат или лежат, несоодветно се однесуваат и многу родители. Еве го однесувањето на еден татко од Орегон кој, наводно, не знаел дека е вклучен директно во часот

0
566

Додека трае пандемијата се случија многу промени во светот за кои претходно не ни сонувавме дека можат да се случат. Па така, додека повеќето деца ширум светот посетуваат онлајн настава, и тие, а што е уште поинтересно, и родителите, се однесуваат крајно несоодветно.

Децата седат во пижами или си јадат за време на часот, ама и родителите не се подобри. Жив пример за ова е еден татко од Орегон, САД кој, наводно, само сакал да се пошегува со својата ќерка и не знаел дека снимката ќе ја види и нејзината учителка.

Џенифер Џонс тврди дека нејзиниот сопруг Ајзак не знаел дека нивната ќерка Делејни снима домашни задачи што ќе ги види целото (прво) одделение.

„Татко ѝ мислеше дека прави туторијал, како и обично“, напишала Џонс покрај видеото што го објавила на Фејсбук, а во кое Ајзак танцува во позадината.

Покрај тоа што ги покажал своите танчерски вештини, тој ги вклучил во ова и другите две деца.

Дали имате слична приказна од вашето секојдневје?

Фото: Фејсбук

 

 

loading...