Што треба да знае детето пред поаѓање во училиште?

Ако вашето дете ги знае буквите и броевите пред поаѓање во училиште, тоа е одлично, но ако незнае, нема место за паника.

0
237

Само уште две недели не делат од почетокот на новата учебна година која на родителите на првачињата им носи сосема нови и поинакви грижи и проблеми.

Ако некогаш сте се запрашале што треба да знае вашето дете пред поаѓање во прво одделение, ние ги имаме одговорите.

Ако вашето дете не одело во градинка тогаш сигурно дополнително се грижите и се измачувате со прашања дали вашето дете знае доволно за да тргне во прво одделение.

Едно од најчестите прашања кое ги мачи родителите на првачињата е тоа што повеќето сметаат дека детето пред поаѓање во училиште треба да знае да чита. Тоа навистина знае да биде од помош за да може детето полесно да го совлада материјалот, но не е неопходно и не се оптоварувајте со тоа ни себеси ни детето. Ако вашето дете ги знае буквите и броевите пред поаѓање во училиште, тоа е одлично, но ако незнае, нема место за паника.

Пред поаѓање во училиште освен букви и броеви многу е важно детето да совлада некои практични и социјални вештини кои ќе му бидат неопходни и на тоа треба да обрнете малку повеќе внимание.

Можеби звучи апсурдно но навистина е поважно детето да дојде во училиште со одредена самостојност отколку со знаење на бројки и букви. Важно е детето да знае само да оди во тоалет, да се соблече, да се облече, да води сметка за личната хигиена. Ако детето не е спретно во ракувањето со врвките и копчињата, облекувајте му гардероба која лесно се слекува и која не е комплицирана.

Конечно, детето би требало да знае само да јаде, и иако тоа можеби ви звучи како нешто што се подразбира на возраст од 6-7 години, се случува тодителите на оваа возраст сѐ уште да ги хранат своите деца, па ако сте и вие едни од нив, обидете се на време да го решите тој проблем.

За да се вклопи во новата средина и за да стекне нови пријатели, многу е важно детето да поседува социјални вештини кои ќе му го олеснат тоа. Основните работи што треба да ги научи е да научи да дели со другарите и да ги разбира правилата на однесување во училиштето.

Сите дополнителни вештини кои вашето дете ги поседува само ќе му го олеснат престојот во училиште што автоматски и вам ќе ви претставува помал проблем.

Кога детето ќе тргне во училиште што побргу закажете разговор со учителката и информирајте се што е тоа што се бара од детето, како се снаоѓа и на што треба посебно да работите. Не дозволувајте да станете родители кои не знаат ниту како се вика учителката на вашето дете и бидете активно во образованието на детето од самиот почеток.

loading...