Што треба да научат денешните мајки од бабата што имала 11 деца?

Taa, како и сите мајки од тоа време, никогаш не се нервирала ниту полoвина од она колку се нервираат денеска модерните мајки кои прават се за да бидат совршени!

0
452

Откако го родила своето прво дете и им подлегнала на типичните, всушност, модерни мајчински стресови, познатата австралиска блогерка Констанс Хол, го прашала за совет својот татко, за неговата мајка која израснала 11 деца и речиси никогаш не изгледала како да ќе прегори во секој миг.

Како е тоа можно, го прашала, а тој ѝ одговорил:

„Taa никогаш не се нервираше ниту полoвина колку што се нервирате вие, модерните мајки!“

Совршен совет кој дополнително ѝ го објаснил – Таа никогаш не мораше да оди во банка, не мораше да оди секој ден во продавница, таа не ни знаеше, ниту сакаше да се нервира толку околу се она околу што вие се нервирате. Неа и на многу мајки порано, никогаш не им беше толку важно нивното бебе да го достигне секој свој развоен чекор во некое зададено време. Таа едноставно ги одгледуваше своите деца, уживајќи во тоа и во нивното друштво. И во себе, во одморот, толку колку што успеваше додека децата беа тука некаде околу неа.

Нели е тоа навистина совршен совет и еден безгрижен пат кој модерните мајки дефинитивно би требало да го пронајдат. Во себе, затоа што во денешното друштво сигурно нема да го најдат.

Заради споредба, покрај овој совет на својот Фејсбук профил Констанс напишала како тоа всушност изгледа денес и заради што ние мајките толку сме застраниле.

„Рака на срце, многу од нас денеска не уживаме толку во нашите деца и сите ние сме всушност само наполу посветени на нашите деца во споредба со порано. И тоа не затоа што не сакаме, туку затоа што сме под толку голем притисок од се друго, што токму заради тоа што на своите деца им посакуваме се најдобро, некако најмногу ги игнорираме нив, а и самите себе“, признала Констанс.

Ние денеска толку се трудиме да бидеме совршени – сакаме да бидеме супер мајки, супер доилки, сакаме да изгледаме совршено – одиме во тератана, трчаме во продавница, плаќаме сметки, готвиме органска храна, се нервираме затоа што немаме време ниту за фризура и буквално се плашиме повторно да им понудиме некоја брза храна само за да не бидеме осудени од другите.

И што сме добиле со тоа? Со тоа постојано трчање и настојување да бидеме најдобри што можеме?

„Добивме тоа што сме сега понервозни од било кога, а иако сето тоа го правиме заради нашите деца, излегува дека на крајот од денот повеќе немаме време да се занимаваме со ништо и не само тоа“, додала Констанс.

„Постојано сме тука некаде, но секаде сме некако половично, и потоа се чудиме што и нашите деца и нашите партнери повеќе не не доживуваат како порано. И тие не слушаат само половично, затоа што веќе среде втората реченица по малку се исклучуваат и всушност ни враќаат онака како што ние се однесуваме кон сите“.

И сето тоа затоа што толку се трудиме да бидеме супер мајки и супер жени, наместо навистина да се опуштиме и да почнеме конечно да живееме сега и веднаш“.

loading...