Јас сум паметен, jас сум благословен, можам да направам било што (ВИДЕО)

Ова е мантрата на која на пат кон градинката, го учела својот тригодишен син Ајан неговата мајка Алис, уште од неговата втора година. Ова таа го нарекува 'утринска афирмација'

0
81

Кон децата треба да се биде фер и искрен и треба да ги научете на вистинските вредности во животот преку љубов, разбирање и дијалог. Еден од начините како да се изградат деца со самодоверба покажала една мајка која има интересни разговори со нејзиниот син Ајан на патот кон градинка со кој го учи на позитивно самопотврдување.

Имено, ова тригодишно момче го повторува она што Алис го нарекува „утринска афирмација“. Станува збор за мантра на која таа почнала да го учи на возраст од околу две години, надевајќи се дека ќе ја запамти, ќе ја разбере и ќе ја искористи кога ќе му биде потребна мотивација.

„Јас сум паметен. Благословен сум. Можам да направам било што”, возбудено повторува Ајан додека со бананата во рака оди накај градинката.
Мајка му го снимила, а видеото на кое момчето ја кажува својата мантра го виделе илјадници луѓе.

Го учите ли и вие вашето дете на некоја слична мантра со која ќе му ја зголемите самодовербата?

Фото: Инстаграм

loading...