Љубовта не познава граници и години, а не ја сопираат ниту пандемии

Додека кај нас луѓето над 65 години, поради коронавирусот не смеат да бидат надвор во ниту еден период од денот освен помеѓу 10 и 12 часот, една двојка осумдесетгодишници стана популарна ширум светот поради дневните прекугранични состаноци.

0
238

Инга Расмусен од Данска и Карстен Тахтен Хасен од Германија, на возраст од 85 и 89 години, секојдневно се среќаваат во близина на градот Авентроф за да си поразговараат со пијалок, седејќи на препорачаната безбедна далечина од двете страни на границата. Имено, германско-данската граница беше затворена пред две недели поради пандемија.

Во Германија досега се потврдени нешто над 67.000 случаи, а околу 3.000 во Данска.

Европската шенгенска област која овозможува слободна транзиција од земја во земја – се соочи со повторно воспоставување граници за првпат во последните 25 години.

Сепак, оваа двојка осумдесетгодишници нема да дозволи глобалната пандемија да застане на патот на нивната љубов.

„Ова е тажно, но не можеме да промениме ништо“, рекла Инга Расмусен за Дојче веле.

Двајцата станале славни за време на кризата, откако ги видел градоначалникот на данскиот град Тендер додека возел велосипед.

Се запознале пред две години, а во последните 12 месеци речиси секој ден го поминуваат заедно.

Расмусен вози автомобил до границата од данскиот Галехус кадешто живее, додека Хансен вози велосипед од германскиот Зидерлигум.

Тој понекогаш пие чашка алкохол на состанокот, додека Инга останува на кафе.

„Сепак, морам да возам“, изјавила таа за еден дански весник.

Биле и на заедничко патување и планираат повторно да патуваат заедно кога ќе помине короната.

Тие се само една од двојките кои најдоа креативен начин да останат во контакт за време на пандемијата.

Извор: Indianexpress

Фото кредит: Reuters

loading...