Вознемирувачко видео покажува зошто НИКОГАШ не треба да ставате ништо во креветчето

Вирално видео откри зошто во креветчето на бебето не треба никогаш да ставате нешто додека бебето спие во него. Клипот е споделен на ТикТок и го прикажува моментот кога бебето го повлекува ќебето преку лицето и почнува да се гуши

659

Застрашувачка снимка открива зошто никогаш не треба да се остава ништо во креветчето на бебето.

„За среќа, родителите на ова бебе пристигнаа на време“, но другите родители беа предупредени дека некои бебиња нема да имаат толку среќа.

Шокантното видео ги шокирало другите родители, а многумина се согласиле дека им било „лошо“ откако го виделе видеото, пренесува The Sun.

Lullaby Trust им препорачува на родителите да избегнуваат да користат облоги/браници на креветчето или да оставаат играчки. Најдобро е бебето да спие на цврст душек, без никакви блокади. Покријте го со чаршав кој не е премногу голем и обидете се да го набиете под душекот. Погрижете се никогаш да не помине над главата на бебето.

Ризикот од смрт во лулка е најголем во првите шест месеци од животот, затоа во тој период ставајте го вашето дете да спие на грб. Под душекот можете да ставите некоја перница која нежно ќе го подигне делот каде што е главата на бебето. Но, во никој случај не му ставајте перница под глава.

Исто така, се повикуваат родителите да избегнуваат поставување на настрешници над креветчињата поради истата причина.

Педијатарката Рут Баркер од Квинсленд изјавила за MailOnline: „Лекував бебе кое ја влечело мрежата против комарци за да стане, но на крајот таа се завиткала околу неговииот врат. За среќа, мајката влегла во собата и ја нашла како виси од мрежата пред да биде предоцна“.

Американската академија за педијатрија даде препораки за безбедно спиење на децата и намалување на ризикот од смрт во лулка (SIDS):

1. Бебето секогаш треба да спие на грб без разлика дали тоа било дневен или ноќен сон (не грижете се ако вашето дете е доволно големо и само се врти на стомак за време на спиењето).

2. Доенчињата треба да спијат на цврста и рамна површина во креветче или во кревет кој ги исполнува сите безбедносни барања. Никогаш не го ставајте детето да спие на кауч или на воден кревет.

3. Отстранете ги сите меки предмети, вклучувајќи играчки, перници и навлаки, од креветчето.

4. Најбезбедно место за спиење е креветчето или кревет кој се наоѓа во истата просторија каде што спиете и вие.

Некои други совети за намалување на ризикот од смрт во креветчето се: одржувајте удобна температура во просторијата, не пушете во близина на детето или во која било просторија каде што престојува детето.

Повеќе