Дали знаете што да направите ако детето почне да се гуши со парче храна?

Секој родител кој доживеал детето да се засркне и да почне да се гуши со парче храна знае каков кошмар е тоа. Неопходна е брза реакција бидејќи детскиот мозок може да издржи без кислород само неколку минути

305

Ако некогаш вашето дете почне да се гуши од парче храна, наместо да кревате паника и да врескате, треба под итно да преземете нешто. Секој родител кој доживеал детето да се засркне и да почне да се гуши со парче храна знае каков кошмар е тоа. Но, неопходна е брза реакција бидејќи детскиот мозок може да издржи без кислород само неколку минути.

Ако детето почне да се гуши од парче храна, треба да го легнете на стомак врз вашите колена, така што главата и горниот дел од грбот да висат надолу. Неколку пати (не премногу силно) удрете го детето со дланката по горниот дел од грбот. Ако овој метод не успее, лекарите го советуваат зафатот на Хајмлих.

Сепак, неговата примена се разликува кај бебиња до една година и кај постари деца.

Прво што треба да направите е да го свртите на стомак, со лицето надолу и да му направите притисок помеѓу лопатките.

Кај деца постари од една година, зафатот на Хајмлих се изведува на ист начин како кај возрасните. На детето треба да му застанете зад грб, да го опфатите со рацете и да изврши ненадеен притисок на горниот дел на стомакот. Ова треба да го исфрли воздухот од белите дробови, а со тоа и туѓото тело.

Ситните предмети се опасност

Покрај храната, децата може да бидат изложени на ризик од задушување поради многуте ситни предмети околу нив – парчиња коцки, копчиња од играчки или мали тркалезни батерии од играчките. Доколку не се големи и остри, туѓите предмети многу често минуваат низ дигестивниот тракт без никакви проблеми и детето ги исфрла преку столицата, но тоа не ја исклучува итната посета на лекар доколку се сомневате дека детето проголтало нешто. .

Во повеќето случаи низ дигестивниот тракт поминуваат монети или топченца, но доколку се работи за батерија, задолжително треба да се консултирате со лекар бидејќи постои можност при подолг престој во дигестивниот тракт, поради корозија, од батеријата да истече нејзината содржина.

Повеќе