Децата кои имаат тантруми, ќе бидат побогати и поуспешни во животот

Ако детето се бори со сите сили против вас, има тантруми и му пркоси на авторитетот – поверојатно е дека ќе биде поуспешно во кариерата и ќе се збогати, покажуваат анкетите.

568

Истражување објавено во Развојна психологија ги следело приходите и образованието на децата кои посетуваат училишта во Луксембург и покажало дека оние кои се спротивставувале на авторитетите и им пркоселе на своите родители на помлада возраст имаат склоност да останат подолго во училиште, да го продолжат своето образование и да успеат во своите кариери. Друга студија од Универзитетот во Пенсилванија, исто така, ја поддржала оваа теорија. Универзитетскиот психолог Ангела Дакворт вели дека ако децата покажат особина на личноста што таа ја означува како „борбена“ уште од рана возраст, тие се со поголема веројатност да бидат поуспешни во нивните кариери. Психологот борбеноста ја опишува како „упорност и страст за долгорочни цели“.

Така, следниот пат кога детето ќе има тантруми кои траат и траат со часови, можете да се утешите со фактот дека наскоро ќе стане директор или лекар!

Многу родители се прашуваат дали врескањето и плачливоста се нормален и природен дел од развојот. Психолозите велат дека е! Децата често немаат зборови да ги изразат своите големи емоции или чувства. Бесот е еден од начините на кои децата ги изразуваат и управуваат со своите чувства и се обидуваат да го разберат или да го променат она што се случува околу нив.

Повеќе