Мажите кои имаат ќерки живеат подолго?

Според едно ново истражување, колку повеќе ќерки има еден татко, толку е подолг неговиот животен век, поточно, дури 74 недели за секое родено женско дете.

729

Доаѓањето на бебето дефинитивно го менува животот на човек, без разлика дали станал татко на син или ќерка. Но, многу студии покажале дека татковците стануваат понежни кога ќе се роди нивната ќерка и дека имаат посебна врска целиот свој живот, како и мајките со синовите. И според најновата студија, татковците од своите ќерки имаат уште една придобивка – живеат подолго од татковците кои немаат женски деца.

Додека има некои истражувања за тоа како раѓањето на детето влијае на здравјето и телото на таткото, истражувањето на Универзитетот Jagiellonian одлучило да истражи подлабоко. Повеќе од 4.310 луѓе (2.147 мајки и 2.163 татковци) учествувале во анализата и било откриено дека вкупниот број деца или синови немал никакво влијание врз татковците, но бројот на ќерките бил поврзан со долговечноста на татковците. Студијата открива дека татковците кои имаат ќерки живеат подолго, и колку повеќе ќерки имаат, толку подолго живеат, дури 74 недели за секоја родена ќерка.

Иако ова е добра вест за татковците, мајките немаат ист резултат. Според студијата објавена во American Journal of Human Biology, и ќерките и синовите негативно влијаат на здравјето на мајката и всушност го скратуваат животниот век. Ова може да се надоврзе на неодамнешното истражување според кое најсреќни жени се оние кои остануваат сингл и немаат деца. Но, постои друга студија, според која детето, без оглед на полот, го продолжува животот на двајцата родители. Според анализата на податоците собрани во текот на 14 години, откриено е дека двојките кои имаат деца, исто така, имаат поголема веројатност да живеат подолго отколку оние кои немаат деца. Како и да е, ова е добра вест за татковците, кои наводно, ќе живеат подолго затоа што имаат ќерки.

Повеќе