Најразгаленото девојче на светот: Нема ниту една година и живее во незамислив луксуз

Од најрана возраст, Блу Ерусалим живее луксузен живот. Таа има свој балон на топол воздух, личен стилист, телохранител и пропатувала низ земји што многу луѓе, а камоли бебиња, никогаш не ги виделе.

273

Блу Ерусалим е ќерка на италијанскиот милијардер Жанлука Вачи, кого многумина го нарекуваат најзгодниот дедо на светот и неговата 27-годишна девојка Шерон Фонсека.

Блу е родена пред нешто помалку од една година и од најрана возраст родителите ја опсипуваат со скапа облека, ја носат на патувања и ѝ ја исполнуваат секоја желба.

„Таа е со нас. Јас и Шерон сме среќни бидејќи можеме да објавиме дека нашата ќерка Блу Ерусалим Вачи се роди утрово. Фала му на Бога, таа е здрава и ние веќе ја сакаме повеќе од животот”, напиша Вачи на Инстаграм во октомври 2020. година кога стана татко.

Според Дејли Меил, Вачи тежи околу 300 милиони долари и го следат 20,6 милиони луѓе на Инстаграм. Шерон (28) е венецуелска манекенка со 5,6 милиони следбеници.

Повеќе