10 работи што треба да ги смените за да ги зголемите шансите за зачнување

Проблемите со плодноста во денешно време влијаат на сè повеќе двојки, а истражувањата покажале дека промените во животниот стил можат да ја зголемат плодноста. Да се разбереме, се мисли на промени во животиот стил и на мажот и на жената

0
110

Некои жени забременуваат без никаков напор, додека други се борат со зачнување со месеци или дури со години. Зошто? Експертите признаваат дека сè уште не откриле сè.

„Имаме фактори и знаење за тоа како вашата мајка поминала низ периодот на менопауза и колку се редовни циклусите, но тоа не ни кажува сè. Сè е толку индивидуално“, објаснува гинекологот Сара Берга од Медицинскиот центар Forest Baptist од Винстон-Салем.

Сепак, лекарите знаат дека постојат начини на кои вие и вашиот партнер може да ја зголемите плодноста. Обидете се да промените некои навики во вашата дневна рутина. Запомнете, ова се однесува и на двајцата.

1. Зависност од газирани сокови

Жените кои пијат два или повеќе газирани пијалоци од каков било вид, имаат околу 16% помалку плодност од жените кои не ги консумираат, открива студија од 2012. година објавена од коавторот Лорен Вајз.

2. Време на спиење

Истражувањата покажуваат дека жените кои имале асистирана репродукција имаат најдобри резултати кога спијат редовно седум до осум часа ноќе. Важно е да размислите за тоа колку спиете.

3. Здравје на забите и непцата

Болните заби и непцата можат да создадат проблеми при зачнувањето и да го продолжат тоа време на дополнителни два месеци, покажало едно австралиско истражување од 2011 година. Секако, посетете стоматолог за да утврдите дали сè е во ред.

4. Вежбањето е важно, но не треба да се претерува

Витките жени кои вежбаат пет часа неделно имаат 42 проценти помалку шанси да забременат отколку оние кои не вежбаат толку многу. Пронајдете вежба што ви одговара, но размислете и колку време поминувате вежбајќи.

5. Гледање телевизија

Мажите кои гледаат телевизија повеќе од 20 часа неделно, имаат 44 проценти помал број на сперматозоиди од оние кои не гледаат, открило истражување од 2013. година на Универзитетот Харвард.

6. Зголемен стрес

„Ако нивото на стрес е многу високо, можете едноставно да престанете да овулирате“, објаснува др. Берга за Health.

7. Чувствителност на глутен

Неодамнешна студија од Универзитетот Колумбија открила дека 6 проценти од жените со необјаснета неплодност имаат целијакија. „Тие произведуваат антитела кои можат да го попречуваат развојот на плацентата“, вели лекарот и автор на студијата Питер Грин. Откако испитаниците се префрлиле на исхрана без глутен, зачнале за една година.

8. Дебелина кај мажите

Мажите кои имаат вишок килограми или се дебели, имаат поголема веројатност да имаат помалку сперматозоиди, покажало истражувањето спроведено во 2013. година.

9. Пушење

Пушењето го намалува квалитетот на спермата, објаснува Американското здружение за репродуктивна медицина и затоа се препорачува да престанете да пушите.

10. Паметни телефони и број на сперматозоиди

Мажите кои ги чуваат паметните телефони на појасот или во џебовите на панталоните имаат помал број на сперматозоиди, е заклучокот на американската работна група за заштита на животната средина, веројатно заради електромагнетните бранови што ги испуштаат.

Фото: Unsplash

loading...