10 „играчки“ со кои децата не би требало да си играат

Како што растат децата сакаат да истражуваат наоколу и почнуваат да си играат со се што ќе им дојде на дофат. Меѓутоа, не е баш се за играње...

0
888

Родителите често им ги купуваат на своите деца најскапите и најдобрите играчки, а тие повеќе сакаат да си играат со се друго освен со нив. Се разбира, многу од работите кои на децата им изгледаат привлечно и интересно можат да бидат опасни. Еве со што не треба да им дозволувате да си играат.

  1. Пластични кеси
    Звукот на пластичните кеси на децата им е секогаш интересен, но тие можат да бидат исклучително опасни за малите деца – можат да предизвикаат гушење, па затоа чувајте ги подалеку од дофатот на децата.
  2. Кабли и жици
    Децата обожуваат да си играат со нив. Родителите кои ќе го стават мобилниот или лаптопот на полнење би требало да ги скријат жиците колку што е можно подобро. Истото важи и за лампите.
  3. Врата
    Играњето криенка со малите деца зад врата може да биде забавно се додека нивните мали прсти не се приклештат. Гума или неког друг безбедносен додаток би можеле да бидат многу корисни.
  4. Оган
    Држете ги подалеку од огнот иако тие умираат од желба да го допрат.
  5. Остри предмети
    Внимаваје да не го иставите ножот или вилушката на дофат од нивните раце, веднаш ставајте ги на место, во фиока.
  6. Штекери
    Познато е дека децата многу сакаат да ги пикаат прстињата или пак некој тенок предмет во штекерите. За среќа, постојат заштитни капачиња па задолжително ставете ги.
  7. Шпорети
    Дали сака да ги врти копчињата или да ја отвара рерната, сеедно, ова е едно од најопсаните места за игра во домот. Многу лесно може да се случи да превртат и некое тенџере со врела вода и да се изгорат.
  8. Скали
    Пред да сфатат како да се качуваат по скали, децата можат да се повредат обидувајќи се да го направат тоа.
  9. Долги палки
    Децата сакаат да мафтаат со метли, мечеви и други долги предмети, но тоа е многу опасно затоа што многу лесно може да се случи на себе да урнат некој поголем или поопасен објект.
  10. WC школки
    Многу родители сакаат нивните деца да станат што поскоро самостојни  што се однесува до одењето во тоалет, но и тука треба да се биде внимателен за да не се повредат.
loading...