10 митови за нега на бебињата што можете да ги занемарите

Бидете внимателни, добронамерните совети на роднините и пријателите не се секогаш и најдобри за вашето бебе.

0
908

 

Ари Браун, советник за родители, издвоил 10 школски факти за грижа и нега на бебињата во минатото, а кои денеска не важат.

  1. Бебињата треба да се бањаат секој ден

Бебињата не се потат како возрасните и немаат непријатен мирис такашто им е доволно бањање на два-три дена. Ако е тоа сепак дел од вашата секојдневна рутина, не заборавајте да ја хидратизирате кожата на бебето со соодветни препарати.

  1. Бебињата најдобро спијат во тивка и затемнета соба

Додека некои деца имаат лесен сон, на други не им пречи тивкиот џагор и малку светлина. Подобрпо е да го навикнете детето да спие во соба во која не владее апсолутна тишина затоа што на тој начин ќе можете да ја оставате да дремне во разни ситуации.

  1. Покачената температура кај бебињата се симнува со алкохол

Триењето на алкохол во кожата на бебето нема навистина да ја намали температурата, а може да биде и опасен метод зашто кожата на бебето може да го апсорбира алкохолот.

  1. Бебињата не треба да ги земате в раце кога плачат за да не ги разгалите

Бабињата помлади од четири месеци, имаат неколку самосмирувачки стратегии. Знаат да се смират со цицање, земајќи го бебето во раце кога плаче ќе му помогнете да научи дека сте секогаш тука за да се грижите за него.

  1. На бебињата треба да им се менуваат ноќе мокрите пелени

Урината е стерилна, а денеска пелените добро впиваат, такашто е во ред ако го оставите бебето во текот на ноќта во влажна пелена. Меѓутоа, ако е предолго во „искакана“ пелена, тоа може да предизвика инфекција на уринарниот  тракт особено ка девојчињата.

  1. Секојдневно треба да се стерилизираат сите шишенца и цуцли

Стерилизирајте ги кога ќе ги отпакувате и пред првата употреба. Потоа е доволно да ги миете со сапун и со вода.

  1. Бебињата треба да спијат на стомак

Најсигурно спиење е она на грб. Во минатото, лекарите стравувале дека бебињата може да се загрцнат од малку плунка ако не лежат на стомак или на страна, но денешните студии покажуваат поинакви резултати.

  1. Додавањето на житарки во млекото на бебето го подобрува сонот

Одложете го воведувањето на цврста храна до навршени шест месеци. Истражувањата покажуваат дека децата на кои им е цврста храна воведена пред четвртиот месец потешко спијат

  1. Важно е бебето да се храни по строго одреден распоред

Најдобро е бебињата да се хранат кога се гладни, па со поставување на строг распоред на оброците, можете негативно да влијаете врз вродените навики на вашето бебе.

  1. На децата им се потребни чевли со силен ѓон

Бебињата ги користат своите прсти за фаќање на површината по која одат па се препорачува да одат боси во затворен простор. За да бидат сигурнои прстињата во надворешни услови, подобро е да се набават чевлички кои добро легнуваат на табаните. Притоа, чевличките со тежок и тврд ѓон можат да бидат и премногу лизгави.

[better-ads type='banner' banner='999' ]