Седум видови фотографии кои родителите не треба да ги објавуваат на социјалните мрежи

Децата се неодоливи, па затоа и не треба да не чуди тоа што родителите сакаат на целиот свет да му го покажа своето дете. Меѓутоа, некои фотографии никако не би смееле да се најдат на интернет, а ево и кои...

0
1919

Живееме во време кога фотографирањето на децата и објавувањето на нивните фотографии на социјалните мрежи е сосема вообичаена работа. И додека фотографиите од роденденските прослави, испробувањето на новите модни комбинации или одењето во Зоолошка градина се симпатични, постојат фотографии кои би требало да останат во приватната архива, бидејќи, во спротивно, можете своите децата да ги доведете во опасност. Децата се неодоливи, па затоа и не треба да не чуди тоа што родителите сакаат на целиот свет да му го покажа своето дете. Меѓутоа, некои фотографии никако не би смееле да се најдат на интернет, а ево и кои…

Еве кои фотографии од децата никако на би смееле да ги објавувате на социјалните мрежи.

Фотографии од детето како се капе

Секоја фотографија на која вашето дете дури и делумно е разголено никако не е за во јавност. За жал, иако децата на таквите фотографии се неодоливи дотолку што би ги „изеле“, ваквите фотографии многу лесно може да стасаат во погрешни раце, како што се „ловците“ на детска порнографија.

Фотографии на кои децата се настинати или повредени

Работа на родителот е да ги заштити своите деца, не да ги искористува. Иако вашето дете во секој момент ви е најубаво, запрашајте се дали би сакале некој да ги објавува вашите фотографии кога не сте баш во најдобро издание, а да не зборуваме за оние моменти кога не се чувствувате најдобро. Веројатно не. Имајте го тоа предви пред да ја поставите фотографијата од вашето дете кое е болно, настинато или повредено.

Фотографија од детето на нокшир

Фотографиите од вашите мали деца додека вршат нужда на нокшир секако треба да се чуваат во посебен фолдер на компјутерот, но не и да се објавуваат на интернет, бидејќи, верувале или не, тие може да предизвикаат потенцијални последици во иднината. Запомнете дека се што ќе објавите на интернет, тука останува засекогаш. Дали навистина саката вашиот тинејџер да ја види фотографијата на која по првпат врши нужда?

Приватни информации

Не се сите фотографии коишто ќе се постават на интернет опасни по децата, но бидете внимателни и со коментарите покрај фотографиите. Никогаш не пишувајте полни имиња на своите деца, адреса, име на училиштето што го посетуваат, дали се сами со дадилката и слично. Никогаш не можете да бидете сигурни кој може да ги злоупотреби овие информации.

Групни фотографии

Ако сте одлучиле да ги објавувате фотографиите од вашите деца, тоа е ваша одлука зад која сами стоите, меѓутоа, не би било во ред ако покрај вашите деца се најдат и други деца, чии родителите можеби не се согласуваат со тоа нивните фотографии да бидат на социјалните мрежи. Најпрво уверете се дека родителите на децата со кои вашето дете се дружи и игра немаат ништо против објавувањето на фотографиите.

Фотографии од кои вашите деца би се срамеле

Можеби вам ви се смешни фотографиите на кои вашето дете не е баш во најрепрезентативно издание, но веруваме дека тие, кога малку би пораснале, во тоа не би виделе ништо смешно. Поведете сметка што кај вашите деца би можело во иднина да предизвика срам и поради што дури, можеби, и другарите од училиште би го исмејувале.

Опасни и небезбедни активности

Сте му дале на вашето дете шише пиво за да направите „урнебесна“ фотографија или седите во автомобил и правите селфи фотографија со вашето дете кое седи на задното седиште… Ваквите фотографии се направени од чиста забава, но може да ви донесат многу проблеми доколку ги објавите на некоја социјална мрежа.

Фото: Shutterstock/www.yumama.com

loading...