За Гинис: Најкратко породување на светот од само пет минути и 17 секунди!

Првото породување обично трае од 12 до 18 часа, но Британката Дејзи Стјуарт имала експресно кусо породување, кои би можело да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

0
2387

Првото породување обично трае од 12 до 18 часа, но Британката Дејзи Стјуарт имала експресно кратко породување, кои би можело да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Дејзи Стјуарт имала породување какво што посакуваат голем број жени. Имено ќерката на Дејзи, Попи, при породувањето тешка нешто помалку од три килограми, на свет стигнала по само неколку минути, поточно заедно со контракциите и доаѓањето на бебето на свет породувањето траело пет минути и 17 секунди.

Приказната за ова несекојдневно породување 20-годишната Дејзи ја раскажала за весникот „Ивнинг телеграф“.

– Минав неколку дена во болница и лекарите тогаш открија дека имам прееклампсија. Иако ми останаа уште четири недели до породувањето, лекарите одлучија да извршат индуцирано породување, поради безбедноста на бебето. Ми рекоа дека два, три дена ќе чувствувам болка пред да се породам – раскажала таа.

Кога почнаа болките, медицинската сестра ми кажа дека контракциите ќе траат барем десет часа. Ме одведоа во породилната сала, а мојот сопруг излезе за да ја повика бабицата, бидејќи морав да почнам со напрегање. Бабицата влезе и ми кажа да туркам. Откако првиот пат направив напор бабицата извика: „Ја гледам главата“. Направив уште две напрегања и Попи пристигна на овој свет. Се изгледаше нереално. Ја прашав бабицата: „Дали тоа е се? Беше лесно, додала Дејзи.

И болничкиот персонал бил зачуден поради брзото породување на Дејзи. По неколку дена поминати во болница поради прераното породување, Дејзи и нејзината ќерка се пуштени дома.

– Попи е прекрасно бебе, ноќно време спие и по девет часа, златна е – се пофалила среќната мајка.

Среќните родители се контактирани од Гинисовата книга на рекорди и од нив е побарано да ги пополнат формулaрите за влез.

Фото: www.kurir.rs

loading...