Што не треба да правите кога детето има напад на бес

Испадите на плачење и на бес често предизвикуваат кај родителите чувство на немоќ, а една од најдобрите работи што можете да ги направите е да мислите однапред и да направите се да не дојде до тоа

0
673

Др.Товах Клејн, авторка на книгата „Како напредуваат децата“ вели дека родителите треба да мислат однапред и да не дозволат децата да добијат напад на бес и плачење со кој потоа е многу потешко да се справат. Ако сепак дојде до врескање, бес и фрлање по подот, овие седум работи морате да ги избегнувате ако не сакате да ја влошите состојбата!

Да си заминете

Др. Товах Клејн тврди дека заминувањето е за него страшно кога е во таа состојба. „Ако на хистеричното дете му кажете дека го оставате, ќе почне да паничи. Пораката што му ја испраќате со тоа е дека не е сакано тогаш кога се чувствува најлошо“, вели докторката и објаснува дека детето има најмногу потреба од вас токму кога е вознемирено. Меѓутоа, ако сте премногу вознемирени и вие, докторката советува да се свртите, да ги затворите очите, длабоко да земете воздух и да се потсетите себеси дека е ова само мало човече кое нема секогаш да биде такво.

Да му се смеете

Понекогаш испадите на бес можат да изгледаат забавно, но никој не сака да му се смеат во лице, па така ни вашето дете. На овој начин, според докторката, му праќате порака дека неговите чувства се смешни.

Да го имитирате

Исто како и смеењето, имитирањето е исмејување на детето и на неговото однесување. На овој начин го учите дека е во ред да се исмејуваат другите луѓе особено оние на кои им е тешко.

Да го земате ова лично

Можеби вам ви изгледа така, но детето не се однесува така затоа што сака вас да ве повреди.

„Ако родителот го зема лично ваквиот испад на детето, уште повеќе ќе го вознемири. Тоа нема врска со вас. Важно е детето кое е вознемирено и не знае како да се постави, вели докторката.

Да му понудите мито

Ако сте доживеале испад на детето на јавно место, можеби ви е најлесно да му дадете чоколатце или нешто слично з ада го смирите.

„Во ред е ова да се направи еднаш или во некои тешки ситуации, но не секогаш затоа што детето ќе добие порака дека мора да направи сцена ако сака да добие нешто.

Да се обидете да го вразумите

Ова нема смисол затоа што детето во тие моменти не може да го слушне тоа што му го зборувате и да биде разумно.

„Кога ќе не совладаат чувствата, исчезнува способноста за размислување. Наместо да се обидете да го уверите во нешто, зборувајте со едноставен јазик и кажете само неколку зборови. Не го подмитувајте или молете затоа што тоа уште повеќе ќе го вознемири.

Да го изгубите трпението

Иако ви е тешко, останете мирни во текот на емоционалната бура затоа што така и вашето дете побргу ќе се смири. „На детето му е потребно родителот да е близу, да го сослуша, а не да му вика. Децата не можат да се смират самите и затоа им е потребна вашата помош. Ако сме и смаите вознемирени, тогаш тие се вознемируваат уште повеќе, почнуваат да чувствуваат страв, срам и да имаат лошо мислење за себе“, вели докторката и советува да си повторуваме сами на себе: „Нема секогаш вака да се однесува“ или „Се уште е мал, ќе порасне и ќе биде подобро“.

Фото: Pixabey

loading...