Самодовербата зависи од три фактори (и на нив не можеме да влијаеме)

Изгледа дека здравата самодоверба има малку врска со објективните показатели. Тоа е изгледа поврзано со внатрешната, субјективна логика.

0
1750

Изгледа дека здравата самодоверба има малку врска со објективните показатели. Тоа е изгледа поврзано со внатрешната, субјективна логика.

Дали (финансискиот) успех е доволен за чувството на самодоверба и задоволството со себе? Одговорот го дава краткото видео во продукција на британската организација „Училиште на животот“ (The School of Life), а кое го превела страницата #‎beleskesapsihoterapije, кое објаснува како на нашата самодоверба влијае успехот на нашите родители и врсници, како и квалитетот на љубовта и поддршката која сме ја добивале во детството.

Да си се допаѓате себеси или да имате висока самодоверба, од пресудно значење е за нашето чувство на благосостојба. Она што е необично е непредвидливото потекло на самодовербата.

Постојат луѓе со скромни професии, просечна градба и „негламурозни“ пријатели кои и покрај тоа поседуваат високо ниво на самодоверба. Тие си се допаѓаат и без знаци на одобрување од страна на надворешниот свет. А постојат и други, кои и покрај сите успеси, престиж и финансиска сигурност, никогаш така не се чувствуваат. Тие се анксиозни и непрекинато се казнуваат и се критикуваат, никогаш не се задоволни од својата работа и дејствување, и никогаш до крај не се уверени дека навистина заслужуват да постојат.

Изгледа дека здравата самодоверба има малку врска со објективните показатели. Тоа изгледа е поврзано со внатрешната, субјективна логика, со факторите имуни на стандардното поимање на успехот.

Три фактори посебно се издвојуваат:

  1. Успехот на родителите од истиот пол – мајките за девојчињата/девојките, татковците за синовите.

Еден од најголемите показатели колку самодоверба ќе имате е да се споредите со родителите од ист пол, односно дали сте постигнале повеќе или помалку од мајката или таткото. Едноставно кажано, изгледа дека комфорно ниво на самодоверба постигнуваат само оние кои се поуспешни од родителите од ист пол. Оние со „поскромно“ потекло во овој случај имаат голема несвесна предност.

2. Со што се занимаваат вашите врсници?

Не се чувствуваме неадекватно во споредба со сите кои имаат повеќе од нас, само со припадниците на групата која во голема мерка ја одредува нашата самодовржерба: нашите врсници.

Тоа се луѓе со кои сме оделе во училиште, на иста или слична возраст и кои се од нашето поднебје.

Тие имаат поголемо влијание на нашето чувство за добробит отколку која било популација поширока или потесна. Секој пат кога врсник е поуспешен од нас, мал дел од нас умира.

  1. Каква љубов сте добивале во детството?

Многу нешто зависи од квалитетот на грижата што сме ја добивале во детството. А, посебно од фактот дали љубовта била условена.

Некои од нас имале родители кои пружале само условена љубов. Се се вртело околу оценките во свидетелството, па таквите деца стануваат возрасни со големи амбиции.

Но, не лесно да се оди низ животот со очајничка желба оганот на омразата кон себе да се згасне со потребата да се импресионира секоја личност што ќе се сретне. Во потрага по родителскоти одобрување кое никогаш не е добиено.

Оние среќници кои добивале безусловна љубов, се задоволни со самото постоење. Тие не мора толку да се докажуваат. Тие поседуваат внатрешна сигурност, поддржана со убедувањето дека на некому многу му значеле.

Проблемите како откази ќе им бидат непријатни, но нема да ги доживуваат како трагедии.

Познавањето на внатрешното потекло на самодовербата е многу важно, токму поради убедувањето дека успехот, конечно, ќе ни донесе чувство на задоволство со себе.

Вистината е малку поинаква. Можеби на работа ви оди сосема добро, но ако вашиот татко е „ајкула“, другарот претседател, или вашите родители не ве сакале безусловно, ниту најголемиот успех тоа нема да може да го пренебрегне.

Тука лежат нашите предизвици.

Задоволството со себе не се постигнува исклучиво по пат на професионален или финансиски успех. Во голем дел, тоа чувство ќе зависи од соочувањето со самите себе, и ќе биде резултат на разбирањето на нашето минато и динамиката на срамот, условеноста и понижувањето кои можеби постојат. Се испоствува дека големата самодоверба е повеќе плод на психологијата, отколку на економскиот успех во надворешниот свет.

Фото: www.detinjarije.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]