5 работи што треба да престанете да ги очекувате од децата

Сите очекуваме одредени работи од нашите деца. Понекогаш очекуваме да слушаат сè што бараме од нив и секогаш да се однесуваат учтиво во јавност. Но, понекогаш работите што ги очекуваме можат да направат повеќе штета отколку корист - и не се претерано разумни.

0
237

Многу често не знаеме што треба да очекуваме од нашето дете и како да се поставиме на вистински начин. Прочитајте подолу за пет работи што едноставно можете да престанете да ги очекувате од децата и откријте што можете да направите наместо тоа.

1. Очекувате да бидат „добри“ цело време

Ако размислите малку подобро, да очекувате дека нашите деца ќе бидат „добри“ нема смисла. Никој не е добар цело време. Секој има лоши денови. Секој има денови на кои едноставно не им е дораснат. Секој има денови кога треба и може да биде тажен, „луд“ или фрустриран. Очекувајќи нашите деца да бидат „добри“, не успеваме да ги научиме што всушност се очекува од нив, затоа што се фокусираме на она што го прават погрешно.

Наместо тоа:

Бидете прецизни во тоа што значи да се биде „добар“. Може да му кажете на вашето дете: „Сакам да ги споделуваш своите играчки со сестра ти“. Наместо да кажете: „Ти си толку добро дете“, кажете „Ти благодарам што му прочита приказна на брат ти“ или „Ви благодарам што самите ги средивте вашите играчки“.

2. Очекувате да се однесуваат повозрасно и посериозно отколку што се

Децата имаат цела низа различни однесувања; една минута може да бидат ангели, а следната целосно да те полудат. Некогаш се љубопитни, некогаш тивки, а понекогаш подмолни. Децата генерално се однесуваат во согласност со нивната возраст, но запомнете дека тие треба да истражуваат, да пробуваат нови работи и понекогаш да излезат „шашави“. Дозволете им да уживаат малку повеќе во своето детство, дури и ако тоа вклучува играње со играчки за кои мислите дека требало да ги надраснат одамна.

Наместо тоа:
Запомнете дека децата треба да бидат деца и охрабрете ги да објаснат како се чувствуваат или зошто се однесуваат на одреден начин. Бидете внимателни кон децата кои се однесуваат повозрасно отколку што се. Само затоа што детето се однесува повозрасно отколку што навистина е, не значи дека е возрасно.

3. Очекувате да се однесуваат како другите деца

Вообичаено е да се забележи, на пример, дека вашиот син е поотворен, а ќерката порезервирана или дека вашата ќерка е најниското или највисокото дете во нејзиниот клас. Иако сите ги споредуваме своите деца со други деца, свесно или несвесно, кога вербализираме такви споредби, треба да бидеме особено внимателни затоа што тие навистина можат да повредат. Истражувањата сугерираат дека неповолните споредби на браќата и сестрите можат да имаат далекусежни негативни последици за браќата и сестрите кои се сметаат за „помалку компетентни“. Кога неповолно ги споредуваме нашите деца со другите, им испраќаме порака дека не се доволно добри. Всушност, им зборуваме дека треба да тежнеат да бидат како некој друг. Исто така, кога позитивно ги споредуваме нашите деца со другите, ги учиме дека мора да бидат подобри од другите, наместо да бидат своето најдобро јас!

Наместо тоа:
Научете го вашето дете дека го очекувате најдоброто од него, но и дека тој е единственото мерило за успех. Фокусирајте се на силните и слабите страни на вашето дете, а не на силните и слабите страни на неговите пријатели.
Поставете реални очекувања.

4. Очекувате да се усогласат со правилата и нормите

Дали сте забележале дека понекогаш реагирате различно на однесувањето на детето, во зависност од тоа дали сте во друштво на други или сте сами? Сите го правиме тоа. Всушност, многу од нашите родителски навики се диктирани од нашето опкружување. Можеби не мора да се согласуваме со општествените норми, па дури и со некои семејни норми и вредности, но сепак се обидуваме да им ги наметнеме тие норми на нашите деца – свесно или несвесно.

Наместо тоа:
Бидете храбри и подготвени да застанете зад вашите родителски избори. Запомнете дека вашите деца учат многу само гледајќи ве вас и вашите постапки. Кога стоите на своите верувања, ќе ги научите дека нивните верувања се исто така валидни.

5. Очекувате да бидат сосема различни од вас

Децата, особено кога се мали, честопати се продолжение на нивните родители. Кога нашите деца ќе видат дека редовно штедиме, најверојатно и самите ќе станат штедачи. Кога негативно согледаме многу од она што се случува во нашите животи, тие исто така ќе развијат песимистички поглед на нештата. Кога ќе слушнат како викаме затоа што сме лути, тие учат дека викањето е прифатлив начин да ги искажеме сопствените чувства.

Наместо тоа:
Не кажувајте му на детето како треба да се однесува; покажете му преку сопственото однесување. Како што еднаш рече Џејмс Болдвин: „Децата никогаш не биле добри во слушање на своите родители, но никогаш не пропуштиле да ги имитираат“.

Фото: Pixabay

loading...