6 знаци дека поминувате низ рана менопауза

Кога сте во триесеттите или во раните четириесетти и кога еднаш или двапати ќе ви изостане менструацијата, веројатно на памет ќе ви падне само една работа: бременост. а што е она што сигурно нема да ви падне на памет? Рана менопауза.

0
605

Повеќето жени минуваат низ менопауза на возраст помеѓу четириесет и педесет и осум години. Сепак, многу жени на возраст под четириесет години минуваат низ предвремена менопауза додека голем број жени, на возраст меѓу четириесет и четириесет и пет години, поминуваат низ рана менопауза.
Единствената работа по која се разликуваат предвремената, раната и „стандардната“ менопауза, е времето. Вистинската дефиниција на менопаузата е отсуството на менструација во период од една цела година, без очигледни други причини, како што се бременост, карцином на дојка или хипертиреоза (прекумерно активна тироидна жлезда).

Иако менопаузата е природна состојба низ која минуваат сите жени, кога се случува рано таа може да донесе последици. Покрај непријатните симптоми, таа ве спречува  и да добиете деца по природен пат.

Секоја жена под четириесет и пет години треба да ги знае следните работи за раната менопауза.

Што предизвикува рана менопауза?

Иако лекарите не знаат во целост што предизвикува рана менопауза, постојат два главни индикатори: генетика или абнормалност во начинот накои се структуирани хромозомите. Значи, првиот показател е чисто генетски по природа, што значи дека ако мајка ви поминала рана менопауза, постои голема веројатност дека тоа ќе се случи и со вас.

Вториот индикатор се нарекува фрагилен X-синдром – кој предизвикува интелектуална онеспособеност кај децата – и често е еден од тестовите кај пренаталната дијагностика. Ако жената има предвремена инсифициенција на јајниците (губење на нормалната функција на јајниците пред четириесетгодишна возраст), се проверуваат хромозомите за да се утврди дали е фрагилниот Х-синдром „во игра“.

Токму споменатата предвремена инсуфициенција на јајниците го сумира она што се случува кога доживувате рана менопауза: вашите јајници престануваат да произведуваат естроген (примарен женски полов хормон). Но, дури и ако имате генетска предиспозиција и ако сте позитивни на фрагилниот X-синдром, раната менопауза и понатаму може да биде тешка за дијагностицирање. За навистина да докажете дека минувате низ оваа состојба, неопходно е да направите тестови со кои се анализира нивото на хормоните.

Како што се намалува нивото на естроген, нивото на другите хормони кои ги произведува хипофизата се зголемува, во настојување јајниците повторно да започнат со производство на естроген. Ова значи дека нивото на хормоните може драстично да се смени, правејќи го дијагностицирањето прилично тешко, освен ако не поминете неколку кругови на тестирање.

Симптоми на рана менопауза
Раната менопауза ги има истите симптоми како и „нормалната“ менопауза:

ноќно потење
валунзи
сувост на вагината
губиток на коскената маса
нарушување на спиењето
раздразливост и промени во расположението.

Најголемата разлика, кај горенаведените симптоми, е во тоа што тие се потешки кога станува збор за рана менопауза. На пример, на четириесет и пет години имате многу пониско ниво на хормони отколку што било случај кога сте имале дваесет и пет, па вашето тело се навикнало на постепено пониски нивоа. Меѓутоа, кај раната менопауза, кога ќе се случи на триесет и пет, тоа е нагло намалување на нивото на хормоните, па на телото му е многу потешко да поднесе.

Ако имате помалку од 45 години и имате симптоми на менопауза, важно е да се консултирате со лекар за да се исклучат други потенцијални здравствени проблеми и да добиете соодветен третман за полесно да се справите со симптомите.

Фото: Pixabey

 

loading...