6 типови мајки кои ги среќавате кога ќе станете мајка

Запознавањето со други мајки може да биде како оние брзи состаноци: само треба да продолжите да го обиколувате кругот додека не се 'кликнете' со некого. А кога ќе се кликнете, навистина се кликнувате.

0
197

Добра пријателка ќе ви биде вистински спас во следните 10 години или повеќе. Затоа, вреди да се истрае на овие ‘брзи состаноци’!

Еве неколку типови мајки што ќе ги сретнете патем:

Супер организирана мајка

Супер организираната мајка е веројатно на своето трето дете и ги фатила сите трикови во мајчинството. Нејзината мантра е: „Имајте џиновска торба, таа ќе патува“ – такашто никогаш не ја фаќа непредвидена катастрофа со вода или експлозија во пелени. Ако ја забележите, пријдете и станете нејзин пријател што е можно побрзо. Таа ќе биде онаа со резервна гарнитура облека, резервни пелени, марамчиња и аспирин во чантата, ако некогаш ви затребаат.

Лебдечка мајка

Ова е името на премногу претпазлива мајка која мисли дека нејзиното дете е во крајна опасност цело време и дека не може да се оддалечи од него ниту една секунда. Тоа е нејзиното прво дете и постојано лебди околу него. Таа често е премногу зафатена додекакако сокол го гледа своето дете, такашто нема време за премногу разговори. Таа е вид на мајка која, ако бисквитот падне на подот, брзо го зграпчува и го фрла директно во најблиската канта, за разлика од…

Супер опуштена мајка

Супер опуштените мајки се подготвени да се дружат и да разговараат. Знае каде се бесплатните колачиња затоа што често заборава да ги спакува своите грицки. Таа е исто така многу опуштена околу детските кавги. Сè додека никој не добие потрес на мозокот, таа не се грижи кој го започнал. Го остава своето бебе на под додека оди во тоалет, по што сите минувачи почнуваат да се прашуваат: „Чие е ова бебе?“ Ако бисквитот падне на подот, таа го зема и му го враќа на детето, без никаков проблем.

Мајка раскажувачка

Таа е по малку како лебдечката мајка, но доаѓа со звучна подлога: постојано го коментира секое движење на детето и не се исклучува! Нема време да разговара со возрасните, бидејќи постојаното раскажување ѝ ги одзема сите резерви на кислород.

Натпреварувачка мајка

Натпреварувачките мајки дефинитивно треба да бидат внимателни. Таа ќе ви се приближи и ќе започне пријателски разговор. Потоа, откако сите ќе бидете опуштени и неподготвени, ќе почне да испрашува за развојните пресвртници на вашето дете. И што и да направи вашето дете, нејзиното дете го сторило тоа одамна. „Па … дали веќе плескаше со рачињата? „Ох, сè уште не. „Тин аплаудира веќе со месеци, тој е многу напреден“.

Мајка одлична пријателка

Таа е комбинација на супер опуштената и супер организираната мајка. Доволно е опуштена што може да нурне во добар трач и носи сè што е потребно за да го смири своето дете во лажливо малата торба покрај неа. Ако нејзината ќерка изрази најнејасна потреба за вода, ѝ ја подава од торбата без да прескокне ништо од сочната приказна што ја раскажува. И секогаш носи влажни марамчиња.

Фото: Pixabay

loading...