6 причини заради кои децата обично не сакаат да спијат преку ден

Ако ги прашате родителите, сите сакаат нивните деца да спијат попладне за да можат и самите да се одморат, но ако ги прашате децата, одговорите се повеќе негативни.

0
388

Постојат деца кои сакаат да спијат, деца кои имаат уредна рутина на спиење и деца кои не се спротивставуваат кога ќе ги испратат во кревет, но постојат и оние другите… Оние на кои никогаш не им се спие, кои попрво би сакале да скокаат по кревет наместо да се смират, како и оние на кои можеби не им одговара тајмингот, па само заради тоа прават проблеми.
Ако вашето дете е во оваа втора група, еве 6 најчести причини заради кои децата не сакаат попладне да спијат, како и решенија со кои можете да излезете на крај со проблемот.

1. Не сакаат да спијат без вас и се будат штом се помрднете
Решение: Посигурна рутина. Имајте на ум дека некои деца чувствуваат поголем страв кога се сами, па создадете им посигурна рутина. Читајте им приказни пред спиење или едноставно легнете до нив и читајте си ја мирно својата книга. Детето полесно ќе сфати дека сте тука и полесно ќе го зацврсти сонот ако знае дека не е само.

2. Погрешен тајминг
Решение: ако детето навистина не покажува замор, поместете го терминот за спиење. Во ред да е да се има стриктна рутина, но знајте дека на детето не му е секој ден ист, па зачувајте ги нервите такашто ќе го оставите малку подолго.

3. Собата е пресветла
Решение: се вели дека децата полесно ќе препознаат кога одат на спиење „на кратко“, аа кога на долго, според светлото кое им продира во собата. Но ако вашето детебаш и не е спремно да ги затвори очите додека надвор има силна светлина, затемнете ја собата па видете дали на тој налин полесно ќе заспие.

4. Детето скока и е полно со енергија
Решени: со толку енергија, не е ни чудно што не им се спие, но да се чеда да ја потрошат сета таа енергја, би можела да ве доведе до доцните попладневни часови. Тоа веројатно нема да ви одговара заради вечрната рутина за спиење, па ако е вашето дете од овие, воведете им некој начин на кој ќе можат да ја испразнат енергијата. Вежбајте заедно, одете надвор и пуштeте го вашето дете да трча и да си игра, за да се измори и да ја потроши енергијата.

5. Премногу уморни за да можат да заспијат
Решение: ако е детето премногу уморно, ќе бид енервозно и со самото тоа, и помалку спремно за да заспие. Затоа гледајте дали тоа спие доволно во текот на ноќта, па дури и ако имате некоја востановена рутина, поместете го времето и ставете го на спиење порано од обично. На вас е да ги препознаете тие сигнали и да реагирате на време.

6. Сметаат дека се премногу големи за да спијат преку ден
Решение: одмор без спиење. Дури и ако не сака да заспие, добро ќе им дојде малку да се одморат. Дозволете им да земат некоја играчка, оставете им сликовници, пуштете им тивка музика и оставете ги тивко да се забавуваат во својот кревет барем половина час. Понекогаш сонот ќе ги совлада, но во секој случај ќе се одмори доволно з ада може да издржи до вечерта.

loading...