7 работи што едно бебе се обидува да ѝ ги каже на мајка си кога силно ја удира од стомакот

Дали силните движења на бебето во стомакот значат нешто или тоа само се преместува?

0
376

Ако ги прашате бремените жени, тие ќе ви кажат дека чувството кога бебето „ќе се јави“ од стомакот е непроценливо. Понекогаш боли, понекогаш пречи – затоа што бебињата се чини дека стануваат особено активни кога мајката сака малку да поспие, но секоја бремена жена сака кога бебето е активно. Колку е нормално бебето да се движи, дали неговите активности имаат некаква важност и дали кажува нешто со секој од своите посилни удари, оној што не е од оние типични движења кога бебето само се мрда? Еве неколку интересни факти.

1.Зачестените удари значат дека вашето бебе е здраво и се развива нормално.

2. Бебето реагира на надворешни дразби, особено на звук (секој човек реагира на тоа).

3. Бебето повеќе удира кога жената лежи на левата страна, затоа што во таа позиција добива малку повеќе крв, што автоматски поттикнува поголема активност.

4. Активноста е поголема откако мајката добро ќе се најаде – тогаш и бебето е сито.

5.Бебето се движи долго пред мајката да може да го почувствува тоа. Обично се вели дека првите движења се чувствуваат после тринаесеттата недела, но бебињата започнуваат да ги прават првите движења уште од девет недели – само заради нивната големина и доволно простор во матката, мајката не ги чувствува.

6. Ако бебето било активно, а потоа одеднаш покажува намалена активност – тоа е причина за загриженост затоа што покажува одредено отстапување во развојот и општата здравствена состојба на фетусот.

7. Мајките чувствуваат најголема загриженост кон крајот на бременоста, но мора да знаете дека активноста на бебето често се намалува по триесет и шестата недела од бременоста, бидејќи бебето тогаш веќе нема доволно простор за движење.

Фото: Pexels

loading...