Aко децата не сакаат да јадат зеленчук, сервирајте им овошје

Речиси секој родител добро знае колку е понекогаш тешко да се натера детето да изеде сѐ што ќе му сервирате на чинијата. Малите пребирливци неретко одбиваат зеленчук или овошје, а знаете колку се тие намирници важни за здрав раст и развој.

0
101

Ако имате пребирливо дете, важно е да откриете кои намирници ги сака. Некои деца прават проблем кога на менито ќе им се најде зеленчук, но затоа пак уживаат во овошје и обратно.

„Го сервирате зеленчукот на забавен начин, но децата и натаму не сакаат да јадат? Продолжете да го правите тоа и понатаму, но во меѓувреме послужете многу овошје“, е пораката на мајката и диететичарка Џенифер која стои зад Инстаграм профилот Kids eat in color кој го следат многу родители.

„Можеби сте слушнале дека овошјето содржи шеќер и дека заради тоа треба да се ограничи. Тоа апсолутно не е вистина.
Не го ограничувајте, освен ако детето има проблеми со варењето или некои други медицински причини. Овошјет содржи витамини, минерали, антиоксиданси и влакна“, објаснува таа.
Нејзин предлог е, наместо пиперка да му понудите на детет јагоди кои исто така содржат витамин Ц. Витамин А има во компирите и во мангото, а со влакна се богати лимоните, портокалите и мешунките. Витамин К детето може да внесе со консумирање на киви, а антиоксиданси со грозје.
„Овошен сок не е цело овошје. Препорачувам на детето за пиење да им нудите вода и млеко секојдневно, а сокови само повремено“, предупредила Џенифер.

Фото: Инстаграм

loading...