Дали вашето дете ќе сака астронаут да му чита бајка директно од вселената? (ВИДЕО)

Се разбира дека ќе сака. Ако сакате да ја смените вашата рутина пред спиење или вашите деца се досадуваат додека се принудени да престојуваат дома, Global Space Education Foundation има одлично решение - читање од вселената.

0
63

Да им се чита на деца е прекрасно, но читањето на децата од вселената е феноменално и ненадминливо.

Да, добро сфативте. Астронаутите во разни вселенски мисии читаат популарни детски книги додека лебдат, а сето тоа го бележат камери.

Резултатите од ова се привлечни, поучни и инспиративни.

Концептот бил развиен од Патриша Трајб, поранешна директорка на образованието во вселенскиот центар Хјустон и Алвин Дру, првиот астронаут на НАСА кој прочита приказна во вселената за време на програмата, во текот на последната мисија на вселенскиот шатл Дискавери. Тие сакаа да најдат начин да го охрабрат читањето кај децата истовремено промовирајќи СТЕМ образование, и дошле до идеја астронаутите да читаат детски книги базирани на наука во безгравитациска средина.

„Дали има подобар начин да се вклучат децата во науката и да се вклучат во читањето?“, рекла Трајб за Хафингтон пост, истакнувајќи дека за децата е посебно доживување да видат како изгледа Меѓународната вселенска станица.

Фото: Pexels

loading...