АКО САКАТЕ ПАМЕТНО ДЕТЕ, НАУЧЕТЕ ГО ДА ИГРА ШАХ

0
1555

Шахот е игра богата со симболички функции, со висок степен на сложеност и цврсти правила. Постои врска помеѓу шахот и математиката, а педагозите се повеќе сметаат дека шахот треба да стане дел од образовниот процес. Се смета дека со играње шах се подобруваат перформансите на организмот и на духот на детето – интелект, карактер, морал, емоции… Оваа игра развива способности кај детето, а колку е подалеку од реалниот живот толку има поголема воспитна моќ.

ЗОШТО Е КОРИСНО ДА СЕ ИГРА ШАХ?

  • Шахот е средство со кое вежбаме како да ги решиме проблемите (проблем во конкретна ситуација)
  • Придонесува за развој на детските когнитивни вештини (заклучување, дедукција, индукција…)
  • Ги учи децата на сериозност, дисциплина и вложување труд.
  • Придонесува за јакенње на самопочитта преку самоостварување, самоизградување.
  • Овозможува детето да ја сфати личната одговорност за сопствените постапки и дека мора да ги прифати нивните последици.
  • Ја јакне индивидуалноста и гради тимски дух.
  • Им помага на децата да ја „врамат“ конфликтната ситуација на шаховското поле.
  • Ги учи да дискутираат мирно и безбедно.
  • Ги зајакнува концентрацијата, визуализацијата, антиципацијата, одмереноста, анализата, апстрактното мислење, планирање и ја ангажира интуицијата.
  • Помага подобро да се запознае со соиграчот.
  • Го прави детето паметно.

КАКО ДА ГО ВОВЕДЕТЕ ВО ИГРАТА?

Главен проблем е како да го одржите ентузијазмот и интересот на детето, додека тоа самото не развие вештини кои му се потребни за да почне да победува во играта. Во шахот, претходното искуство не е ограничувачко и затоа врвни достигнување се можни и кај многу млади играчи.
Децата можат да почнат да играат шах веќе од 3-4 години. Еве неколку корисни совети:

  • Во почетокот, играјте едноставни завршници, на пример, дајте му фигури од крал и кралица, против вашиот крал. Постепено додавајте нови фигури. Ова нема да бара од детето да предивдува многу потези однапред.
  • Дајте му да решава ситуација од типот мат во два потега.
  • Играјте ја целата игра на едноставно ниво и дајте му да ве победи за да го почувствува задоволството од победата и да не биде тажно и безволно.
  • Дајте му можност да размислува подолго, но не играјте со помалку фигури од него.
  • Дајте му можност да го поврати потегот ако се предомислило.
  • Не му давајте да ве победи по секоја цена, дајте му само шанса, сепак треба да научи дека тоа треба да го заслужи.
  • Знајте дека нема да згрешите ако го наужите детето да игра шах, зашто тоа е и уметност и вештина и спорт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here