ДВЕ ПИСМА: ШТО ВРАБОТЕНАТА И НЕВРАБОТЕНАТА МАЈКА ИМААТ ДА СООПШТАТ ЕДНА НА ДРУГА

0
523

Низ трогателни писма на една блогерка, дознајте што мајките коишто не се вработени им порачале на сите мајки коишто работат и обратно.

Невработените мајки општеството често ги сфаќа лесно и не ја разбира важноста на нивната работа. Никој не ја гледа причината за нивниот замор, никој не ги забележува сите тие ситни, но неопходни и тешки работи што ги прават за својот дом и семејство. Од друга страна, вработените мајки често се критикувани како кариеристки коишто не се грижат премногу за своето семејство, бидејќи се во состојба цел ден да поминат одделени од децата.

Кои се во право? И дали некоја од нив е во право? Дали секоја мајка – пред се и над се – е мајка? Дали секоја мајка се обидува да пронајде најдобро решение за своите најмили, а секој момент поминат со своите деца го почитува повеќе од се?
Блогерката д-р Керолин Ее се обидела да објасни колку им е тешко на двете, какви грижи и радости имаат мајките кои цел ден поминуваат дома и оние што се со своето семејство по истекот на работното време. Таа, имено, напишала писмо на Невработената мајка во име на Вработената и обратно.

Прочитајте ги обраќањата на овие два вида родители и како тие мајки гледаат една на друга, од аголот на д-р Керолин.

Писмо на вработената мајка до невработената

Мила невработена мајко,

Твојата работа е неплатена и често за неа не добиваш дури ниту благодарност, почнува од моментот кога ќе се разбудиш, но не завршува кога одиш на спиење. Ти работиш и викенди и ноќе, крајот на работниот ден дури не го забележуваш. Знам дека наградите за тоа ти носат радост, но ги има толку малку…

Знам и тоа дека ретко испиваш шолја кафе или чај. Знам дека твоето внимание е неподелено, туку само се шета од еден момент кон друг, како и тоа дека не може да сметаш на тоа дека без прекинување ќе исполниш некоја задача. Знам дека немаш време да одмориш освен ако си родител на едно дете кое спие преку ден.

Познати ми се предизвиците со кои се справуваш секој ден, обично без поддршка. Напади на бес, адаптирање на нокшир, борба во текот на оброкот, храна по подот, цртежи по ѕидовите, ривалство меѓу браќа и сестри, тоа што бебето не престанува да плаче… Се чини дека твојата работа е непрекината, како бесконечен круг – купуваш храна, приготвуваш храна, се обидуваш да ги нахраниш децата, да го исчистиш подот, да ги измиеш садовите, а потоа сето тоа да то повториш три часа подоцна.

Знам дека фантазираш за тоа да имаш барем еден час само за себе, да јадеш на мир или да дремнеш. Знам дека понекогаш се запрашуваш дали сето тоа вреди и чувствуваш завист кон пријателката која оди на пауза за кафе. Знам и дека понекогаш, кога твојот партнер ќе си дојде од работа, сака да прилегне токму во моментот кога ти е потребна најмногу помош, што те доведува до солзи.

Знам дека многумина не те разбираат, бидејќи сфаќаат колку е тешко самостојно да се грижиш за мали деца. Сите те замислуваат како некој кој денот го поминува во пиење кафе додека децата тивко си играат. Знам и дека ти недостасува финансиска независност, дека ти е смешно радувањето на доаѓањето на петок како почеток на викенд – за тебе не постои ниту петок, ниту пауза. Знам дека многу луѓе не ја разбираат важноста на она што го правиш, бидејќи ја извршуваш работата во сопствената куќа.

Невработена мајко, не знам како тоа ти успева.

Се восхитувам на твоето бесконечно трпение, на твојата способност со сите неволји во работниот ден да се соочиш насмеана и да внесеш радост во животите на своите деца. Се восхитувам и на твојата посветеност на тоа непрекинато да бидеш присутна во животите на децата, дури и тогаш кога тоа не е лесно. Се восхитувам на тоа колку работиш, иако не очекуваш награда, никакво унапредување, слава или плата. Знам дека сакаш твоите деца да се чувствуваат важно и сакано и, Невработена мајко, им помагаш во тоа најдобро што е можно. Сакав само да знаеш дека разбирам. Двете сме мајки. И јас знам.

Поздрав од рововите,

Вработена мајка

Писмо на невработената мајка на вработената

Мила Вработена мајко,

Знам дека многумина понекогаш те осудуваат бидејќи ја препушташ грижата за своите деца на другите за да одиш на работа. Некои дури сметаат дека не ги сакаш своите деца колку што Невработената мајка ги сака и дека за децата најдобро е денот да го поминат со мајката.

Како можат да кажат такви работи за тебе? Јас знам дека ги сакаш своите деца колку и секоја друга мајка. Си ги разгледала сите можности и пред да зачнеш дете. Мајчинството отсекогаш е најважна одлука во твојот живот. Си размислувала за мајчинството и во своите средношколски денови.

Те гледам насекаде. Ти си лекарка која им помага на моите деца кога се болни. Ти си алерголог кој на моето дете му дијагностицираше алергија на кикиритки. Ти си физиотерапевтка која го излекува грбот на мојот сопруг. Ти си сметководителка која се грижи за нашите финансии. Учителка си на мојот син. Директорка на нашата градинка. Наставничка по физичко на мојата ќерка. Агент за недвижности кој ни ја продаде куќата. Како нашиот свет би изгледал да те немаше тебе – да попуштеше под притисокот на оние коишто сметаат дека мајчиното место е исклучиво во домот?

Знам дека внимателно си размислила за професионалните можности за да можеш да го вклопиш вработувањето со плановите на твоето семејство. Знам дека се будиш еден час пред своите домашни за да уживаш во тишината. Знам и тоа дека си присуствувала на важни состаноци откако цела вечер си поминала покрај своето дете, дека твојата втора смена почнува кога ќе се вратиш од работа, а дека оние кои те оспоруваат не разбираат дека ти, покрај тоа што ја извршуваш својата работа, го водиш целото домаќинство. Откако ќе се вратиш дома, ти ја приготвуваш вечерата, ги капеш децата и им читаш приказни. Ги спремаш за в кревет и ги бакнуваш за добра ноќ. Ти ги плаќаш сметките, одиш да пазариш, миеш садови, переш алишта – токму како и секоја друга мајка на светот.

Сепак, знам и дека чувствуваш вина бидејќи поминуваш толку време одделена од своите деца, поради што не можеш да се посветиш на себеси кога не работиш. Знам дека, додека си на работа, не го трошиш времето, туку пиеш кафе и ручаш на работната маса и целосно си концентрирана и посветена на работата. На крајот на краиштата, си избрала да бидеш токму тука. Сакаш да бидеш тука.

Ти, знам, се грижиш за тоа кој внимава на твоите деца. Ги оставаш само на луѓето на кои целосно им веруваш – таму каде се сакани и згрижени. Знам дека многу денови си поминала дома и си ја жртвувала својата плата за да бидеш покрај децата кога се болни. Исто така, знам дека ти, потајно, си уживала во овие денови и си се радувала на тоа што, конечно, можеш да поминеш време со своите најмили.

Знам дека чувствуваш вина што не си постојано покрај семејството. Но, го знам и следното, Вработена мајко: ти си одличен пример за своите деца. Си им покажала дека жената може да има кариера, дека на некој начин придонесува и надвор од дома, а дека покрај тоа, сепак, да биде и грижлива мајка. Си им покажала на своите ќерки дека можат да успеат во се. Си покажала сила, истрајност, посветеност и издржливост и сето тоа си го правела со уживање и со љубов.

Сакав само да знаеш дека разбирам. Затоа што двете сме мајки.

Поздрав од рововите,

Невработена мајка

loading...