Апарати кои секоја мајка треба да ги има

За полесни и посреќни денови со вашето бебе, потребна ви е помош, но не само од најблиските, туку и од различни апарати кои олеснуваат многу активности

0
647

Апаратите кои се од голема помош уште од првиот ден со вашето бебе и кои е добро да ги има секоја мајка се: стерилизатор, грејач на шишенца, аква станица, навлажнувач на воздухот. Во фазата на преоѓање на цврста храна, бејби мултипрактикот е вистински избор.

Заштита од бактерии

Посебно направените стерилизатори се вистинсји избор за дезинфекција на приборот за бебето. Природната стерилизација со пареа убива 99,9% штетни бактерии и го штити вашето бебе од нив додека не се зајакне неговиот имунитетен систем. Самиот метод е брз, лесен и ефективен, без никакви хемикалии.

Секогаш топла храна

Без оглед дали доите или не, од првите денови ќе има ситуации кога ќе треба да го нахраните бебето и од шишенце. Предноста на бејби грејачот за шишиња кое користи технологија на греење на пареа е тоа што ги чува сите хранливи состојки и рамномерно го грее млекото, без опасност од прегревање. За само 5 минути млекото ќе биде загреано до оптималната температура за хранење на бебето.

Мастер-шеф за бебешка храна

Воведувањето на цврста храна може да биде фаза која ќе бара од вас трпение и упорност. Затоа за првите оброци одберете вкусови кои не се премногу силни или необични: од зеленчук, моркови, компири или тиквички, а од овошје, јаболко или банана. За подготвувањето на првите цврсти оброци ќе ви помогне Бејби мултипрактикот кој ќе ви помогне да заштедите скапоцено време, затоа што во истиот сад во кој се вари, храната се блендира или се сечка, па оброкот е готов за 15 минути.

Оптимална влажност на воздухот

Од првиот ден кога ќе стаса дома, потребно е на бебето да му обезбедите оптимална влажност на воздухот во просторијата во која престојува, со што ќе му овозможите мирен сон. Со користење на апаратот за навлажнување на воздухот, го штитите бебето од иритации предизвикани од сув воздух, проблеми со дишењето и затнат нос.

loading...