Австралија забранува упис на невакцинирани деца во градинка?

Според најновиот план на австралиската Влада, наскоро на невакцинираните деца би можел да им биде забранет уписот во градинките и во претшколските установи ширум земјата.

0
224

Премиерот Малколм Тернбул сака да ги укине дупките во законот кои им овозможуваат на родителите свесно да не ги вакцинираат своите деца и потоа ги запишуваат во градинките, пренесува Сандеј телеграф.

Тој изјавил дека децата мораат да бидат вакцинирани во Викторија и Квинсленд. Но во Нов Јужен Велс родителите се спротивставуваат на вакцинацијата, па и натаму им е дозволено да ги запишуваат децата во градинка со свој или со потпис на друго овластено лице.

Невакцинираните деца можат да се запишат во градинките во Јужна Австралија, Западна Австралија, Тасманија, во северните делови од земјата и на подрачјето на главниот град.

Премиерот Тернбул кој има три внучиња, рекол за Нуз корп дека родителите во Австралија имаат право да знаат дали се нивните деца безбедни во текот на престојот во градинките.

„Сите ние очајнички сакаме да ги заштитиме нашите деца, внуци и децата на другите луѓе. Ако не го вакцинирате вашето дете, не само што го ставате во опасност неговиот живот, туку и животите на останатите деца“, рекол тој.

Премиерот сака за прашањето на законот за вакцинацијата да се расправа на следнит состанок на Владата.

loading...