Бесплатни едукативни работилници за трудници

Во септември и октомври трудниците од цела Македонија ќе имаат можност да посетуваат работилници на тема: Бременост, породување, доење во организација на „Лулка“

0
325

За сите трудници од цела Македонија, оваа есен Лулка – Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца, организира Информативен караван во 10 градови низ Македонија, со одржување на бесплатни работилници на тема „Бременост, Породување и Доење“.

Работилниците се бесплатни и на нив може да присуствуваат трудници со нивните партнери, родители и здравствени работиници кои работат со оваа популација и/или се интересираат за работата на организацијата Лулка. Организацијата Лулка спроведува вакви работилници во Скопје веќе 6 години, на кои досега присуствувале над 1500 трудници.

Распоредот на бесплатните работилници по градовите низ Македонија е следен:

Велес – 16.09.2017
Куманово – 16.09.2017
Охрид – 30.09.2017
Струга – 30.09.2017
Тетово – 07.10.2017
Гостивар – 07.10.2017
Штип – 14.10.2017
Струмица – 14.10.2017
Прилеп – 28.10.2017
Битола – 28.10.2017

loading...