Како да се биде добар карате родител?

Замислете го овој ужас: Секој ден, со години, ги возите вашите деца на тренинг по карате, на натпревари и кампови. Потрошивте цел брод пари за униформи, за појаси, надградби и опрема. Сте потрошиле стотици часови за немилосрдно да ги истуркате своите деца до крајните граници. И тогаш еден ден... Тие се откажуваат.

0
222

Туку така. Вашето срце е скршено. Зошто? Се обидувате да зборувате со нив и да ги убедите да се премислат и да продолжат. Им кажувате дека стасале премногу далеку за да се откажат туку така, но ништо не успева. Кога децата ќе решат нешто, нема многу што да се стори. Па нормално, почнувате да се обвинувате себеси.

Што направив погрешно? Зошто се случува ова? Дали сум добар родител? Им ги овозможив најдобрите тренери, најдобрата опрема, најдобрите

Престанете! Проблемот е во следново: Бевте толку заслепени од случувањата, од рекордите, достигнувањата, од успехот и од напорната работа што заборавивте на она што е вистински важно.

Сега повторувајте си го оваДецата не се манифестација на моите неисполнети детски соништа.

Постојат многу талентирани деца чиј ентузијазам пресушил поради родителите кои им мислат се најдобро, но несвесно ги третираат своите деца како човечки цигли во играта на родителската слава.

Ако се вашите деца успешни, без оглед дали станува збор за карате, хокеј, училиште или фудбал – тоа е е само уште еден статусен симбол за вас и тогаш морате да бидете подготвени да се соочите со последиците кога тие ќе бидат доволно големи за да го сфатат тоа.

Но не се грижете, се уште постои надеж.

Според психолошките истражувања, постојат научно докажани фрази кои родителите можат да го користат со нивните деца за да се обезбеди тие да останат мотивирани и супер задоволни со своите таленти – без разлика дали свират на пијано, фрлаат топки или мрдаат со задникот.

Еве ги фразите:

Пред натпреварот:

  • Забавувај се
  • Дај се од себе
  • Те сакам

По натпреварот:

  • Дали се забавуваше?”
  • Се гордеам со тебе
  • Те сакам

Но тоа не е сеДвајца познати тренери на успешни спортисти на колеџите, спровеле тридецениска анкета и ги прашувале успешните спортисти што им зборувале нивните родители за тие да се чувствуваат добро додека тренирале како деца. Сите го дале истиот одговор. Волшебната фраза гласи: „Обожавам да го гледам твојот тренинг”.

Тоа е се. Ништо спектакуларно од типот на: „ти си шампион“ или демотивирачко како: „Обиди се подобро“. Дури ниту нешто што е навидум поттикнувачки како: „еве неколку работи кои можеш да ги подобриш”.

Само тоа… „Обожавам да го гледам твојот тренинг!” – Едноставно, елегантно и неверојатно моќно. Оваа фраза, драги карате родители, е клучот со кој ќе се обезбедите дека вашите деца ќе продолжат да тренираат карате во годините што доаѓаатсо успех, со појаси, признанија и трофеи, како природен производ, а не како цел.

Единствената работа која вашите деца навистина ја сакаат е вашето недделиво внимание и вашето одобрување. Кажете им: „Обожавам да го гледам твојот тренинг”. Бидејќи тие ќе ви ја возвратат љубовта и останатото ќе си дојде спонтано. Големината не може да се форсира од никого. Се напредува и расте од радоста во тренирањето и праксата.

Бидете помалку тренер. Сакајте ги повеќе.

loading...