Бонтон кој треба да се усвои до 9. година

Повеќето деца не се намерно некултурни, невоспитани или непристојни, туку се уште не се запознаени со правилата на убавото однесување, објаснуваат психолозите.

0
626

Понекогаш децата не сфаќаат дека е непристојно да им се упаѓа во збор на возрасните, да се чепка носот или гласно да се коментира нечиј изглед. А во секојдневното трчање, родителите немаат време секогаш на децата да им ги приближат правилата за културно однесување.
Доколку вашето дете ги усвои овие едноставни правила, но такашто тие ќе бидат прилагодени кон возраста, ќе воспитате сочувствително и пристојно дете на кое наученото ќе му биде од голема помош во натамошните животни ситуации.
Волшебни зборови:
Ако сакаш некој да ти даде нешто, кажи „те молам“.
Кога нешто ќе добиеш, или некој ќе ти помогне, кажи „благодарам“.
Ако му даваш некому нешто, кажи „повели“.
Ако згрешиш, кажи „извини“.
Не прекинувај додека некој зборува освен ако не е нешто навистина итно. Родителите ќе забележат дека сакаш нешто да кажеш и ќе те сослушаат кога ќе завршат со разговорот. Ако си сигурен дека она што сакаш да го кажеш не може да почека, кажи „извинете, …“. То је културен начин да го привлечете вниманието на возрасните.
Дознајте повеќе: Како да ги научите децата да не ги попречуваат разговорите на возрасните. Смеам ли? Ако не си сигурен дали смееш да го прекинеш разговорот на возрасните, прашајте ги возрасните за дозвола.
Не сакам… Избегнувај да набројуваш работи кои не ги сакаш, освен ако некој не те праша, односно, ако на пример ти се понуди храна која не ја сакаш. И во тој случај треба пристојно да се изразиш, на пример: „Извинете, јас не го сакам овој вид на зеленчук“.
Подобро е да зборуваш за она што го сакаш.
Коментирање на другите. Непристојно е да се коментираат или да се озборуваат другите луѓе. Она што ќе го видиш као нечиј недостатак, можеби нему воопшто и не му пречи. Коментирањето на нечија памет или изглед, може да повреди некого.
Пристојност при средба. Кога ќе види повозрасен човек кој го познаваш или пријател, културно е да го поздравиш. Кога се запознаваш со некого, погледни го, поздрави се и претстави се. Кога некој ќе те праша како си, одговори му, а потом постави му го истото прашање.
Биди добар гостин. Кога доаѓаш на гости кај некого, поздрави ги домаќините, однесувај се пристојно и на крајот заблагодари им се на гостопримството..
Тропни на врата пред да влезеш во некоја просторија чија врата е затворена и влези дури кога ќе слушнеш „слободно“.
Телефонирање. Кога телефонираш, секогаш пристојно претстави се и замоли да ти се јави оној со кој сакаш да разговараш.
Лоши зборови. Немој да пцуеш. Возрасните веќе ги знаат сите прости и безобразни зборови и не им се интересни, туку здодевни и непријатни. Немој да пцуеш ниту пред другите деца. Можеби ќе ти изгледа дека ги забавуваш, но не е така. За тебе ќе имаат лошо мислење и тие и нивните родители. Исто така, не ги нарекувај другите луѓе со погрдни имиња. Немој да им се смееш на другите. Како би се чувствувал доколку некој се однесува така со тебе?
Кога ти е здодевно… Кога учествуваш во некоја игра или си на представа која ти е здодевна, немој да зборуваш и да им пречиш на другите. Трпеливо почекај го крајот на играта или на претставата, затоа што сепак некој се трудел.
Тепање. Не се тепај, а ако некого случајно турнеш или го удриш, извини му се.
Кашлање и кивање. Кога кашлаш или киваш, покриј ја устата или носот со марамче или со рака. Не го чепкај носот, не ждригај гласно во јавност или во присуство на други луѓе, а доколку почувствуваш таква потреба, тргни се настрана и ја устата со рака.
Фрлање ѓубре. Ѓубрето се фрла таму кадешто е за тоа одреденото место. Никогаш не го фрлај ѓубрето на улица.
Биди присутен. Кад излегуваш или влегуваш низ врата, погледни дали има некој зад тебе и придржи му ја вратата. Ако видиш дека некој од домашните (или учителот/учителката) прави нешто во што би можел да помогнеш, понуди ја својата помош. Ако тие сами те замолат за помош, не се спротивставувај, туку помогни.
Во автобус, амбуланта, … секогаш отстапи го своето место на инвалид, на повозрасен човек или на бремена жена.
Кога јадеш. Во текот на јадењето е непристојно да се срка и да се мљацка. Не заборавај на зборовоте „молам“ и „благодарам“. Доколку нешто не сакаш да јадеш, кажи: „Не, благодарам“. Научете правилно да го користите приборот за јадење. Употребувај салфета за бришење кога треба да ја избришеш устата.

loading...