Борбата на еден татко

Моментално, овој непоколеблив татко собира пари за правна битка со која сака да се избори за правото на своите деца да се возат сами со автобус

0
91

Ејдријен Крук од Ванкувер во Канада бие битка против Министерството за деца и семеен развој кое на неговите деца им забранило самостојно да го користат градскиот превоз додека не наполнат 10 години.

Пред две години Ејдријен почнал да ги навикнува своите четири постари деца, од 7, 8, 9 и 11 години да патуваат во училиште со автобус. Наместо самиот да ги вози со автомобил, сакал да ги направи своите деца посамостојни, но и побезбедни, ако се земе предвид дека статистички возењето ао автобус е поммалку опасно од возењето со автомобил, а исто така е и многу подобро за животната средина, па сакал со ова да ја развие кај нив и еколошката свест.
Цела година овој посветен татко се возел заедно со своите деца и потоа почнал да ги пушта дел од патот да поминуваат сами, за дури после година ипол да им дозволи да го поминат сами целиот пат до училиштето. Меѓутоа, минатиот месец споменатото министерство реагирало врз основа на анонимна пријава и после двомесечна истрага донело одлука дека децата повеќе не смеат да се возат без надзор од возрасните. Поточно, дека „децата до десетата година не смеат да бидат сами ниту дома, ниту на улица, ниту во превозот“.

„Кога на крајот од истрагата се сретнаа со мене, го пофалија моето родителство и констатираа дека не сум ги занеарил децата туку сум им покажал и повеќе од доволна посветеност, особено при учењето да го користат јавниот превоз. Тоа би било доволно во разумен свет. Но зошто тогаш ја забранија активноста која претходните две години не доведе до никакви негативни последици?“ се прашува Ејдријен. Тој смета дека министерството ка донело својата одлука врз основа на стравови, а не на факти. „Намместо да го поддржат одговорното родителство, тие одбрале да избегнат било каква одговорност“, заклучува тој.

А статистиката покажува дека автобусот е 24 пати побезбеден од другите превозни средства, вклучувајќи го и автомобилот. Освен тоа, стапката на криминал во местото во кое живее неговото семејство е побезбедно од повеќето места во време кога раснела претхдната генерација на која никој не ѝ го забранувал она што денеска им се забранува на неговите деца.
Моментално, овој непоколеблив татко собира пари за правна битка за да се избори за понормално детство како на своите деца, така и на другите на кои им е ускратена можноста да ја изградат својата самостојност.

loading...