Британија: Бројот на деца на терапија пораснал за 60 отсто

Децата постојано се бомбардираат со застрашувачки информации, а прекумерната употреба на социјалните мрежи го зголемува чувството на неприлагоденост и нивото на очај помеѓу младите.

0
118

Бројот на деца кои се на терапија поради анксиозност, во Велика Британија пораснал за 60 отсто во последниве две години, а илјадници деца страдаат од напади на паника.

„Анксиозноста е растечки проблем помеѓу младите“, изјавил Питер Венлес, директор на водечката британска организација за помош на загрозените деца.

Децата постојано се бомбардираат со застрашувачки информации, а прекумерната употреба на социјалните мрежи го зголемува чувството на неприлагоденост и нивото на очај помеѓу младите, правејќи ги склони кон самоповредување, велат стручњаците.

Министерот за здравство Џереми Хант одржал состаноци со претставниците на Фејсбук, Твитер и Мајкрософт за да разговараат за заштитата на младите од злоупотребата на социјалните мрежи.

Меѓутоа, наспроти сеопштата загриженост, Фејсбук неодамна активираше нова апликација за чет наменета за деца од шест години.

loading...