Дали би сакале вашиот татко да биде во родилната сала?

Се чини дека се поголем број на жени го претвораат породувањето во семејна работа и ги канат своите мајки, татковци, па дури и свекрви и свекори во родилната сала.

0
138

Изборот на партнер кој ќе биде присутен во родилната сала за време на раѓањето е важна одлука за секоја бремена жена.

Би сакале ли да се пораѓате додека вашиот сопруг е во родилната соба? Или можеби повеќе би сакале со вас да биде вашата пријателка? Дали само ви треба вашата мајка?

И додека сите од горенаведените опции се заеднички за сите бремени жени, што мислите за варијантата за овој чин да го одберете присуството на вашиот татко?

Essential Baby разговарал на оваа тема со жена по име Ребека чиј татко бил со неа во родилната сала.

Таа им рекла: „Тој многу емотивно го доживеа тоа искуство.“

„Имаше многу солзи додека ме гледаше како минувам низ целиот процес, но истовремено ми беше и голема поддршка, велејќи додека ми зборуваше: „Ти го можеш тоа“.

Друга мајка за Reddit, вели дека присуството на нејзиниот татко во родилната соба не било којзнае што. „Тој едноставно стоеше во аголот“, објаснува таа.

Трета мајка пак вели дека нејзиниот татко бил присутен за време на раѓањето на нејзиниото прво дете и тој ги направил првите фотографии од чинот на породувањето. За раѓањето на второто дете, тој бил на пат па го следел пораѓањето преку Скајп“.

Додека многу жени се согласиле дека е во ред нивните татковци да се таму, доколку останат покрај нивните глави, не е многу пријатно кога тие ќе решат да го видат целиот процес.

„Мислев дека би можел да стои до моето рамо, но тогаш тој стави огромно огледало под мојот задник, за да можам да гледам (иако реков дека не сакам) и така и татко ми го виде целото шоу … Едноставно не беше пријатно.“

loading...