Дали децата навистина ќе се разгалат ако ги носите во раце?

„Немој да го носиш во раце, ќе се разгали!“ – ова е позната реченица за носењето на бебињата во раце. Замислете си жена во Африка која го носи своето бебе во марама на грбот и истовремено ја обработува земјата. Дали нејзиното дете ќе биде разгалено заради ова?

0
762

Кога ќе станеме родители сакаме на своите деца да им дадеме најдобра нега. Обично го правиме тоа следејќи ги советите  и препораките од околината, од нашите родители, пријатели, соседи, од патронажната сестра, матичниот педијатар и слино.

Дури и оној кој не е родител знае за познатите предупредувања во врска со носењето на бебињата во раце: „Немој да ја носиш, ќе ја разгалиш!“ или „Ќе се навикне на раце, што ќе правиш после?!“, кои се пренесуваат со децении од колено на колено.

Под влијание на ваквите ставови многу мајки имаат голема дилема и дури и интензивна грижа на совест кога бебето им плаче и чувствуваат дека треба да го земат во раце, додека од друга страна пак, во главата им ѕвонат овие реченици.

Замислете си жена во Африка која го носи своето бебе во марама на грбот и истовремено ја обработува земјата. Дали нејзиното дете ќе биде разгалено заради ова?

Постојат многу истражувања на оваа тема засновани најмногу на набљудување на семејствата во земјите на Латинска Америка, Африка и Далечниот Исток кадешто од секогаш се практикува носењето на бебињата и на децата. Во овие општества бебињата се најчесто активно вклучени во животот на возрасните и постојано ги носат на гради, на коккови, на грб од мајката, таткото или од постарите браќа и сестри во текот на речиси целиот ден. Истражувањата се спроведени и во современите болници во кои се практикува модерна медицина.

Се покажало дека примената на „кенгур нега“ (кога мајката и бебето го минуваат времето заедно во директен контакт „кожа на кожа“, kangaroo care, skin-to-skin contact) има големо значење, особено за прерано родените бебиња и тоа такашто ја намалува смртноста, бебињата остануваат пократко во болница, почесто и подолго цицаат, побрзо напредуваат во тежината, им се подобрува општата состојба на организмот, додека мајките на така негуваните бебиња се чувствуваат поспособни во улогата на мајки.

Обичното носење на бебињата (кога не постои директен контакт „кожа на кожа“, туку детето се нови во раце или со помош на некоја мека носилка) ги носи и следните позитивности: бебињата спијат подобро, помалку плачат, мирни се и спокојни, имаат помалку грчеви, побрзо учат, подобрен им е развојот на моториката и општата состојба на организмот. Од друга страна, со носењето се воспоставуѕва блискост помеѓу родителите и бебето, па тие полесно ги толкуваат нејзините потреби. Благодарение на оваа поврзаност, родителите многу побрзо се снаоѓаат во стресни ситуации и се чувствуваат покомпетентни во улогата на родители од оние кои не ги носат своите бебиња.

loading...