Дали децата на разведените родители се поинакви?

Истражувањето на универзитетот Јорк покажало дека на децата на разведени родители повеќе им штетат кавгите во текот на бракот орколку самиот развод, пишува британски Телеграф

0
502

Децата кои во своите домови се сведоци на кавги имаат 30 отсто поголеми шанси да развијат проблеми во однесувањето од другите деца.

Претходно истражување на Универзитетот Сасекс објавено минатата година покажало дека нерешениот судир на родителите може силно да влијае на раниот развој на детето, неговото ментално здравје и изгледите за успех во животот како возрасен. И тоа важи без оглед на тоа дали се родителите заедно или се раздвоени.

Научниците истакнуваат дека проблемот не е во самата кавга туку во нерешениот судир затоа што децата мора да знаат дека судирот може да се разреши за да се продолжи животот.

Судирот помеѓу родителите кој трае може да влијае врз менталното здравје на детето, врз развојот на неговите социјални вештини и емотивната стабилност, академски развој и може да влијае врз нивната способност за создавање на врски, а исто така и врз физичкото здравје, покажало тоа истражување.

Бебиња стари само шест месеци покажуваат посилни физиолошки симптоми на стрес како забрзана работа на срцето како одговор на кавгата на родителите во однос на кавгата на возрасни личности кои не се нивни родители.

Кај децата од сите возрасти деструктивното влијание на родителските кавги може да се манифестира со високо ниво на агресија, непријателство и насилие, намалена самодоверба, депресија и во исклучителни случаи, суицидални мисли, наведуваат стручњаците.

loading...