Дали децата треба да се шпионираат на социјалните мрежи?

Што прават основците и средношколците по цел ден на своите мобилни телефони? Многу родители тоа никогаш нема да го дознаат, но...

0
115

На пазарот постојат десетици апликации со чија помош родителите можат да следат како нивните деца ги користат своите мобилни телефони. Тие апликации лоцираат каде се наоѓаат децата, какви пораки праќаат, кои апликации ги користат и што прават на социјалните мрежи, а некои од нив можат да го прават сето тоа без знаење на децата! Таквите апликации се дозволени за користење, но се отвара прашањето – дали родителите навистина би требало да го прават тоа?
Кристин Прести, мајка на 13-годишната Изабела и 11-годишниот Мајкл, толку сакала да знае што прават нејзините деца на интернет што тајно инсталирала програм за шпионирање на нивните активности. Таа сега може да види се.
Следењето на активностите на своите деца е дозволено со закон, но дали е морално?

Дали тинејџерите заслужуваат право на приватност: Или е шпионирањето за нивно добро поважно од моралните вредности?
„Кога децата имаат 11 и 13 години би требало да знаеме што им се случува во животот“, вели Кристин за „Гласот на Америка“.
„Јас сакам приватност“, вели нејзината ќерка Изабела.
Минатото лето Кристин забележала дека Изабела наеднаш почнала да с еоднесува како нешто да крие. Тогаш без колебање ја инсталирала тајната програма на телефоните на своите деца. Стручњаците ги предупредуваат родителите дека тајното надгледување може да ги повреди децата и трајно да го загрози нивниот однос со нив.
Меѓутоа, Кристин вели дека таа со помош на апликацијата открила дека Изабела се допишува со некој за кој мисли дека е тинејџер, а кога таа го повикала тој број, излегло дека е тоа всушниост возрасна личност. Кристин го блокирала тој број, но останала исплашена размислувајќи за тоа што можело да се случи. Исто така свесна е дека доколку им се спротивстави на своите деца, односно и признае на својата ќерка за оваа случка, ќе мора да признае и за инсталирањето на тајниот софтвер.

Меѓутоа, Изабела прва го почнала разговорот. И раскажала на мајка си за непознатата личност со која разменувала пораки и иако била шокирана заради тоа што мајка и ја шпионира, сепак ја сфатила и другата страна од приказната. „Ме обзедоа емоции и се прашував зошто го прави тоа? Но бев и среќна затоа знаев дека сака да ме заштити“, изјавила Изабела.

loading...