Дали е безбедно да се фрла бебето во воздух?

Фрлањето на детето во воздух изгледа забавно, но имајте предвид дека потенцијалните повреди не се безопасни

0
581

Ако со вашето бебе се забавувате на тој начин што го фрлате во воздух додека тоа слатко се смее, имајте предвид дека ова воопшто не е безопасна игра.

Фрлањето на бебето високо во воздух содржи неколку ризици.

Најбезопасни се вртоглавицата и заматување во главата, но за ал, може да дојде и до паѓање на бебето што не е воопшто безопасно.

Ако и натаму сакате да се забавувате на овој начин, многу посигурно е нежното и лесно „фрлање“ во воздух, од она високото  кои може да појде во погрешна насока колку и да мислите дека ја имате ситуацијата под контрола. Пред да се одлучите на ваков вид на игра со детето бидете сигурни дека е вашето дете доволно развиено физички за да се озбегнат било какви ненамерни физички повреди.

Истегнување на вратот

Со четири месеци старост бебињата главно можат фа ја држат самостојно главата, но со овој вид на забава сепак би требало да се причека додека бебето не наврши барем шест месеци и не се здобие со целосна контрола над главата и вратните мускули.

Фрлањето на бебето високо во воздух на возраст помала од шест месеци може да доведе до напрегнување на вратот кај оние кои се уште немаат целосна контрола на положбата на главата. Дури и кога ќе наполни шест месеци, треба да бидете внимателни, советуваат стручњаците.

Падови

Кога го фрлате бебето во воздух, постои можност да не успеете да го фатите заради било која причина и тоа да тресне на подот. Таквите падови можат да имаат страшни последици како фрактура на черепот или епидурален хематом, односно, може да дојде до крварење помеѓу черепот и тврдата мозочна обвивка. Ако детето падне на многу тврдо тло или пак падот се случи од голема висина, последиците можат да бидат сериозни.

Синдром на тресено дете

Силното „цупкање“ на бебињата на коленото на возрасен човек не предизвикуваат повреди на коските, мозокот и очите кои се поврзуваат со синдромот на тресено дете.

Ваквиот синдром настанува кога детето се тресе силно такашто главата неконтролирано му лета напред назад повеќе пати предизвикувајќи трауми на коските, главата и очите. Ако го фрлате бебето во воздух и притоа се случли главата да му паѓа напред-назад, постои можност за развивање на овој ниту малку безопасен синдром.

Внимавајте на сигурноста за време на играта

Додека си играте со своето бебе, најдобро е да му овозможите потпора на вратниот дел затоа што малите деца се доста чувствителни. Било кој вид на игра која предизвикува грубо мрдање на главата и вратот, може да заврши со вратни повреди и истегнувања.

Aко не внимавате доволно, може да дојде и до сериозни повреди, без оглед што вие мислите дека вашето бебе е веќе доволно цврсто и самостојно. Ако оваа игра ви изгледа забавна, можете да се одлулите за побезбедната варијанта: Подигајте го бебето високо во воздух без да го фрлате и на тој начин избегнете ги можни повреди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here