Дали е безбедно да се консумира ленено семе во бременоста?

Трудниците и доилките не би требало да употребуваат мелено ленено семе со јогурт, кефир, сок или нешто друго

0
700

Општа препорака на нутриционистите е дека трудниците и доилките не би требало да употребуваат мелено ленено семе со јогурт, кефир, сок или нешто друго, за да ја избегнат можноста од појава на алергии и други несакани дејства, како кај себе, така и кај бебето.

Ако имате проблем со столицата (опстипација, запек) обратете се кај вашиот лекар кој секако ќе ви предложи некоја алтернатива за лененото семе. Не правете ништо на своја рака и ако сте ја употребувале оваа комбинација пред да забремените, сега повеќе немојте.

За жал, проблемите со варењето и со запекот во текот на бременоста се прилично чести, како и појавата на хемороиди, особено во последните месеци од бременоста која притисокот на ректумот е најинтензивен. Водете повеќе сметка за правилната исхрана – повеќе внесувајте влакнеста храна и поголеми количини на течност.

Доста е важно и на кој начин ги празните цревата, повеќе клечите, помалку седете. Наведнете се напред, а нозете кренете ги на помало столче затоа што токму ова е природниот начин за празнење на цревата.

loading...