Дали е добро кога децата имаат премногу играчки?

Простете деца, но истражувањата покажуваат дека ова навистина не е добро за вас

0
406

Стаса и официјална потврда на долготрајните сомнежи на модерните родители дека премногу играчки навистина не се добри за малите деца.

Иако родителите ова во повеќето случаи можат да го заклучат и самите врз основа на искуствата, многумина ги игнорираат сомнежите и едноставно им ги задоволуваат желбите на децата кои постојано бараат уште.

Но простете ни деца, тоа навистина не е добро за вас.

Во истражувањето објавено во списанието Infant Behavior and Development, стручњаците откриле дека изобилиството од играчки го намалува квалитетот на играњето и дека помалку играчки можат да им помогнат на децата подобро да се сконцентрираат и покреативно да си играат.

Професионалните терапевти кои работеле на ова истражување набљудувале две групи на деца. Едната група била опкружена со четири играчки, а другата со 16. Групата со помалку играчки убаво си играла со нив, децата играле долго и притоа ги менувале начините на играње користејќи ја својата фантазија за да ја направат играта позабавна.

Втората група како да не знаела на која играчка и на која игра да се сконцентрира.

Значи, сега, кога се пред нас и Новогодишните и Божикните празници и времето на дарување, направете мали колекции на играчки, а остатокот ставете го надвор од видикот на децата. Тоа е посебно важно да го направите токму овие денови, за да можат децата повеќе да им се радуваат и поквалитетно да ги искористат играчките кои ќе ги најдат под елката.

„Така проблемот ќе биде решен, а кога ќе им здосадат новите играчки, тогаш ќе ѝ се израдуваат на старата играчка која некое време сте ја криеле од нив. Но немојте повторно да ги извадите сите наеднаш“, порачуваат терапевтите.

loading...