Дали единците имаат поинаков мозок?

Скенирањето на мозокот на испитаниците ги потврдило овие наоди, затоа што се забележани значајни разлики кај единците во областите кои се задолжени за флексибилност, фантазирање и планирање.

0
393

Обично се смета дека единците се попаметни и поповлечени од другите деца, затоа што родителите им посветуваат повеќе внимание и пари. Затоа што единците никогаш не мораат да делат играчки, соба или родителското внимание, се претпоставува дека не се доволно подготвени да се сложуваат со другите.

Но, дали се мозоците на единците поинакви?

Психолозите од Југозападниот универзитет во Чонгкинг спровеле истражување врз повеќе од 250 студенти, користејќи стандардни тестови за интелигенција, креативност и личност за да го измерат нивниот коефициент и нивото на согласување со другите.

Она што заклучиле е дека единците имаат во просек ист коефициент на интелигенција како и другите деца, дека се пофлексибилни, но и помалку склони да се согласуваат со другите отколку децата кои имаат браќа и сестри. Скенирањето на мозокот на испитаниците ги потврдило овие наоди, затоа што се забележани значајни разлики кај единците во областите кои се задолжени за флексибилност, фантазија и планирање како и во зоните задолени за согласување со другите, регулација на емоциите и расположенијата.

Заклучокот на научниците е дека големината на семејството не влијае само на средината во која растат децата туку и на нивниот мозок.

Авторите на студијата ги објаснуваат своите наоди со тоа што родителите на едно дете веројатно вложуваат повеќе труд во развојот на неговата креативност, му даваат повеќе независност и имаат поголеми очекувања од него.

loading...