Дали ги бакнувате своите деца во уста?

Дали ваквиот израз на родителска љубов е примерен или не, е вечно дилема и тема на многу полемики помеѓу родителите, но и помеѓу стручните лица.

0
1310

Овој израз на родителска љубов со години предизвикува полемики во светот и кај нас. Расправата најчесто ја поттикнуваат фоторафиите што одвреме навреме ќе ги објави некој од познатите на социјалните мрежи. Во клубот на оние за кои таквиот израз на нежности е прифатлив и нормален се светските мегаѕвезди – Викторија и Дејвид Бекам, Џесика Симпсон, Џенифер Лопез, Хајди Клум, Џесика Алба.

Џесика Симпсон

И покрај бројните полемики на оваа тема, досега нема никакви докази кои би упатувале на тоа дека е лошо кога мајката или генерално, родителите, ги бакнуваат во уста своите деца.

Дејвид Бекам

Оние кои имаат навика да ги бакнуваат своите деца во уста, најчесто ја оправдуваат истата како сосема нормално и прифатливо однесување. Некои од нив ја задржуваат навиката и на стари години, па се бакнуваат во уста со своите деца дури и кога се тие возрасни.

 

Џенифер Лопез

Во 2010-та американскиот психолог доктор Шарлот Резник, која предава на Универзитетот Калифорнија, покрена јавна дебата околу тоа дали родителите треба да ги бакнуваат своите деца на овој начин.

„Бакнувањето на децата во уста може да биде стимуирачки и збунувачки чин, затоа што детето тоа може да го поврзе со романтичните односи помеѓу своите родители“, изјавила таа. Таа е авторка на прирачникот „Моќта на фантазијата на вашето дете“ (The Power of Your Child’s Imagination: How to Transform Stress and Anxiety into Joy and Success) поставила прашање со кое се обидела да објасни како може да дојде до збунетост во детската глава.

„Ако мама го бакнува тато во уста и обратно, што значи тоа за мене како мало девојче или момче?

Ако започнете да ги бакнувате вашите деца во уста, кога ќе запрете? Нештата може да станат мошне збунувачки за детето. Кога детето е на 4, 5 или 6 годишна возраст и започнува да развива сексуална свесност, бакнежот во уста би можел да го стимулира. И да не се случи една таква ситуација, нештата се конфузни. Ако мама го бакнува тато во уста и обратно, што значи кога детето, без разлика дали е машко или женско, го бакнува родителот во уста?, објаснува таа.

Нејзиниот радикален став беше оспорен од дел од нејзините колеги, кои велат дека нема ништо страшно во овој начин на бакнување, сè додека родителот јасно ја постави границата на односот. Некои пак го поддржуваат ставот дека бакнувањето во уста треба да престане кога детето ќе потпорасне и ќе стане свесно за својата сексуалност.

Со нејзиното тврдење не се сложуваат многу светски стручњаци. Го споредиле бакнувањето на малото дете со чинот на доење, а нарекувањето на тоа за збунувачки чин го карактеризирале како бесмислица.

Некои стручњаци тврдат дека децата ќе бидат збунети исклучиво ако таков образец на однесување не постои во нивната култура. На пример, во Америка бакнувањето на децата во уста е сосема вообичаена појава, додека во некои култури, како на пример, кај нас, работите се малку поинакви.

Австралискиот психолог доктор Фиона Мартин смета дека е нормално на овој начин да му ја искажувате љубовта на детето и во тоа нема ништо сексуално.

„Со тоа му праќате на детето порака дека го сакате. Не постојат никакви психолошки последици ако родителот го бакне своето дете во уста“, тврди др.Мартин.

Во одбрана на родителите кои не гледаат ништо лошо во тоа, застанала и холивудската глумица Џесика Алба:

„Не разбирам зошто е чудно тоа што некои родители ги бакнуваат своите деца во уста, а друштвено прифатливо да им се дозволува на домашните миленици да ги лижат своите сопственици по лицето“, рекла своевремено Џесика Алба за списанието Redbook.

Од здравствен аспект свое мислење изразила и Американската академија за пародонтологија. Оттаму на родителите им советуваат сепак да го избегнуваат бакнувањето на своите бебиња во уста. Затоа што во устите на новороденчињата не се присутни бактерии кои предизвикуваат пропаѓање на забите и пародонтални болести, а можат да се пренесат преку едноставен бакнеж во уста. И возрасните со бакнување во уста можат да пренесат бактерии, но децата се многу почувствтелни затоа што немаат развиен имунолошки систем. Дури и ако само еден член од семејството страда од пародонтални болести, подложни се сите членови од семејството затоа што се пренесува преку бакнување, делење на приборот за јадење, кашлање, кивање и слично. Освен тоа, општата академија на стоматолози тврди дека со бакнување може да се пренесат и до 500 различни видови на бактерии.

 

loading...