Дали по породувањето мајките стануваат навистина невидливи?

Анастасија Алигианис направила експеримент со кој утврдила дека кога еднаш ќе стане мајка, жената навистина станува невидлива

0
999

Младата мајка Анастасија Алигианис недолго по породувањето имала чувство како да станала невидлива за сите околу себе. Се чувствувала невидливо, дури и по малку безначајно, затоа што иако опкружена со пријателите и семејството, тоа чувство не ја напуштало. Одлучила да направи експеримент такашто, едноставно, ја извадила една обетка, а другата ја носела полни седум месеци додека некој конечно тоа не го забележал.

„Иако тогаш го родив второто дете и постојано бев надвор, се дружев со членовите на своето семејство и со пријателите, седум долги месеци никој од нив не ме погледна навистина за да забележи дека носам само една, прилично видлива обетка. Веројатно за сите нив станав само една обична мајка, жена која не работи, жена која седи дома, па веројатрно  не ни чувствуваа желба да ме погледнат малку подобро и да пронајдат на мене уште некои карактеристики, освен оние мајчинските.

Слично беше и со телефонските разговори што ги водеа со мене. Луѓето се јавуваат, човечно прашуваат како сум и веднаш преоѓаат на прашања за децата, како се тие, што правеле денес, како е сопругот и слично… Никогаш некој навистина изкрено не прашал како сум јас, каков бил мојот ден, што јас сакам, дали нешто ми треба, за што размислувам и слично. Веројатно луѓето заклучуваат дека мене, а така веројатно и другите мајки , не мораат ни да ги прашаат ништо затоа што ако се децата добро, тогаш, претпоставуваат, добра е и мајката“, напишала таа во својот пост во кој напишала и дека мисли како не е единствената која го доживеала тоа. Смета дека веројатно и другите мајки се чувствуваат така и сега се смешкаат препознавајќи го тоа чувство на „невидливост“. Бидејќи самата не можете да влијаете на тоа луѓето конечно да почнат малку повеќе да ги „гледаат“ мајките, сепак се согласувате во едно: можеби е тоа така затоа што луѓето не гледаат колку сте уморни. Исцрпени, понекогаш растроени па тогаш и немаат потреба да поставуваат дополнителни прашања.

Додека е со децата се ок, додека цврсто ги држите уздите во своите раце, очигледно е дека  правите многу добра работа, непроценлива и скапоцена, а тоа е она што луѓето го забележуваат. Затоа драги мајки, ако и вие се чувствувате невидливи, честопати како да сте сосема неважни во приказната околу своето дете, знајте – луѓето и тоа како ве гледаат, а тоа го докажуваат токму со својот интерес за вашето дете. И додека е се во ред, значи дека никој покрај вас нема потреба да поставува дополнителни прашања. А тоа значи дека својата „работа“ навистина ја вршите ѓаволски добро!

loading...