Дали помалите деца треба да присуствуваат на породувањето на мајката?

Откако едно тригодишно девојче присуствувало на раѓањето на своето братче, фотографката Никол Лејхи објаснила зошто е тоа добро

0
175

Присуството на постарите деца на породувањето е се уште несекојдневно искуство.

Повеќето родители сметаат дека на нивните деца не им е местото во салата за раѓање, делумно заради приватноста, делуммно од страв да не им предизвикаат трауми.

Секако, таа одлука е лична, но сепак, фоторафката Никол Лејхи објаснила зошто смета дека е добро и зошто ги поттикнува своите клиенти да им дозволат на децата да присуствуваат на породувањата.

Неодамна оваа фотографка присуствувала на породување на кое најдобра помошничка на својата мајка при породувањето ѝ била нејзината тригодишна ќеркичка Хантер.

„Родителите на Хантер одлично ја подготвиле за ова искуство. Ѝ ја објасниле анатомијата со соодветни поими. Знаеше што значи зборот постелка и не се исплаши од крвта што ја виде.
Не се преплаши ниту кога нејзината мајка викаше раѓајќи го нејзиното братче и не беше загрижена или нервозна поради тоа.

Поставуваше прашања, си играше со своите кукли, грицкаше и не забавуваше сите.

Потоа го држеше главчето на братчето додека излегуваше надвор, навиваше за мајка си и ја галеше нежно по косата кога таа даваше викаше и даваше напон, а двете со љубов го гледаа новиот живот што се раѓаше пред нивните очи.

Породувањето е најнормален дел од животот, поделете го со своите деца и научете ги од самиот почеток дека породувањето е снага од која не треба да се плашат“, напишала фотографката на својата страница Ready Set Chaos Birth Services.

loading...