Дали родителите треба сами да се грижат за своите прерано родени бебиња?

Идејата родителите да ја преземат грижата за своето прерано родено дете уште во болница се покажала како полн погодок – и за бебињата и за родителите.

0
147

По првобиотниот шок и првите дијагнози по раѓањето на прерано родените бебиња, на родителите главно не им преостанува друго освен да седат покрај инкубаторот и да се надеваат. А за нив во тој момент не постои ништо полошо од беспомошното чувство дека тие како родители не можат да направат ништо за своето бебе освен да го гледаат приклучено на милион жици и апарати. Но сега тоа полека се менува.

Една болница во Велика Британија станала првата болница со неонатолошки оддел во чија работа сега можат да учествуваат и родителите. Станува збор за болницата St. James’s University Hospital од Лидс кадешто почнала да се спроведува програма за интеграција на семејството во системот за болничка нега и грижа за недоносените бебиња.

Идејата потекнала од две причини, прво, да се вклучат родителите во грижата, а второ, да им се намали на сестрите барем делумно обемот на работа на одделот. Сето тоа резултирало со една сега веќе прилично добра пракса со која се задоволни и вработените и родителите.

Иако од почеток може да изгледа дека родителите се многу несигурни кога станува збор за грижата околу толку мали бебиња, но сите мајки и татковци поминуваат основна обука и почнуваат постепено да ја преземаат грижата за своето бебе. Веќе после неколку недели родителите буквално само се грижат за бебето, освен „големите“ работи кои ги прават стручни лица. Тоа значи дека на родителите не само што им е дозволено, туку тие и се повикуваат да останат цел ден на одделот кадешто ќе можат да ги хранат своите бебиња, да ги пресоблекуваат, да им мерат температура, дури и со време и смаите да се позанимаваат со воведување на цевчињата.

„Идејата родителите да се вклучат максимално во грижата за своето бебе, покрај будното око на стручњаците веќе донела многу позитивни резултати. Освен што на родителите кои се зафатени со грижата за своите бебиња, сега им е полесно да го поднесат товарот на исчекувањето, уште поважни се резултатите врзани за бебињата.

Една од вработените во болницата, др.Лиз МекКечни за БиБиСи раскажала дека драстично се зголемил бројот на доени бебиња, кај повеќето бебиња е забележан многу побрз и подобар развој и конечно, тие се пуштаат да си одат дома и порано од претходно. Ова е затоа што бебињата имаат можност да растат и да се развиваат покрај своите родители, детал кој е многу важен за недоносените бебиња, а и самите родители во текот на неделите поминати на одделот стекнуват пракса па и сами се подготвени порано да заминат од болницата и да ја презмеат целата грижа на себе.

loading...