Дали создавате дете-чудовиште?

Постојат бројни начини на кои родителите можат да ги разгалат децата. Понекогаш нема да ги научиме да се соочат со последиците од своите дела или пак ги будиме наутро за да си ги завршат своите обврски

0
603

Никој не сака да го разгали своето дете, но некои родители прават се за да им угодат. Но според според Хал Рункел, автор на книгата Scream Free Parenting  истакнува дека недостатокот од соочување со последиците од лошото однесување е најголемата грешка која може да ја направи родителот кога станува збор за воспитување. Односно, заканата дека ќе го казните детето, а не го исполните тоа што сте го рекле, е токму она што создава разгалени деца.

Ако не му дозволите на детето самото да сфати како функционира светот, создавате погрешни темели за натамошниот живот, напоменува Хал Рункел.

Терапевтот објаснува дека заканите се често само празни зборови. Не му велете на детето „ако го направиш тоа само уште еднаш“ и не му се заканувајте со казна ако го направат тоа повторно. Наместо тоа, преземете нешто веднаш затоа што тоа ќе испрати јасна порака и ќе го одврати детето од тоа да го повтори истото. Ако не можете да имате контрола, не можете ниту да бидете главни, нагласува терапевтот.

Ако детето го удри братчето или сестричето со играчка, а вие му кажете дека ќе му ја одземете таа играчка ако го направи тоа уште еднаш, не постигнувате ништо. Така детето сфаќа дека може да ја повторува секоја безобразна постапка. Децата учат што смеат да прават, а што не, во раните години, но доколку не ги подготвите на време, ќе имаат проблеми во иднина.

Еден од начините да го подготвите детето за самостоен живот, е да ги научите смаи да си стават аларм на часовникот или на мобилниот телефон. Кога ќе научат да се будат самите, наместо вие да го правите тоа, полека ќе се научат на одговорност.

 

loading...